Работилница „Подготвуваме ајвар“


Во рамките на проектот “Конзервираме заедно” Слоу Фуд Водно ги поканува сите кои се заинтересирани за учество на работилницата “Подготвуваме Ајвар” која ќе се одржи на ден 04.10.2015 (недела). Работилницата ќе се одржи во просториите на Средното угостителско училиште Лазар Танев, Скопје со почеток во 09:00 часот.
Сите заинтересирани кандидати најдоцна до 25.09.2015 (петок) да испратам име и презиме, возраст и телефонски број на следниот е-маил: vased94@yahoo.com
За работилницата не се наплаќа котизација, а секој од учесниците ќе добие тегла ајвар.
Бројот на учесници е ограничен
Повелете, можеби утре Вие ќе бидете обучувач и ќе ја ширите мисијата за значењето на локалните производи.

Работилницата се реализира, како дел од проектот “Конзервираме заедно”, кој има за цел промоција на локални земјоделски производи, преку обука на идни обучувачи и на тој начин да ја шират мисијата за значењето на локалните производи.
Проектот се реализира во рамки на програмата на Еразмус+ и истиот партнерски го реализираат: SAVOIR FAIRE ET DECOUVERTE, Франција, FOUNDATION FOR ORGANIC AGRICULTURE BIOSELENA, Бугарија, REGIONALIS HUMAN INNOVACIO, Унгарија и домаќинот на оваа работилница Слоу Фуд Водно, Македонија.