Сирења од Мавровско–Реканскиот регион на Cheese 2013

На најголемиот фестивал на сирења кој се одржува во Бра, Пиедемонт, Италија во септември, ќе бидат претставени неколку традиционални македонски сирења. На овогодинешното издание на Cheese ќе присуствуваат претставници на президиумот „Сирења од Маврово-Реканскиот регион“ кој е формиран со цел заштита и промоција на трите главни млечни производи кои се добиваат од сировото млеко на овцата Шарпланинка (Кашкавал, Бело сирење и Кисело млеко), а ќе презентираат уште неколку сирења од сирово млеко. Cheese 2013 е шанса одблизу да се види интересното македонско млекарство и да се добијат информации директно од производителите.
Повеќе информации за македонскиот президиум „Сирења од Маврово-Реканскиот регион“ може да се прочитате на интернет страната:
http://www.slowfoodfoundation.com/presidia/details/4490/mavrovo-reka-mountain-pasture-cheeses

За да аплицирате за акредитации за Cheese посетете ја следната интернет страна:
http://cheese.slowfood.it/en/press/request-for-media-credentials/

Деветтото издание на Cheese е интернационален биенален настан кој е посветен на млекото во сите негови форми е организиран од Градот Бра и Slow Food, а ќе се одржува од 20 до 23 септември 2013.
Slow Food Президиумите го поддржуваат квалитетното производство кое е изложено на ризик од исчезнување; ја заштитуваат уникатноста на регионите и екосистемите; вршат обновување на традиционалните производни методи; и ги штитат aвтохтоните видови на домашни животни и локалните сорти на растенија.

Канцеларија за печат на Cheese 2013
Интернационална Slow Food: Paola Nano, +329 8321285 p.nano@slowfood.it–
Sharon Aknin, s.aknin@slowfood.it
Град Бра: Raffaele Grillo – Elena Martini +39 0172 438278, urp@comune.bra.cn.it
www.slowfood.com
www.comune.bra.cn.it