Слоу Фуд ден во Вила Дихово

Слоу Фуд ден

„Вила Дихово“, с.Дихово, Битола, 15 јуни 2013, почеток од 12:00 чaсот

организатор „Слоу Фуд Битола“

 

Програма:

Пазар на фармери

  • 12:00 часот: Продажба на домашни производи, разговори и дружба со локалните фармери,

Винотека

  • 12:00 часот – Можност за уживање во локални вина и други домашни пијалоци

Слоу Фуд едукација на деца

Слоу Фуд училница за најмладите, каде ќе се едуцираат како да препознаат добра, чиста и правична храна

  • 12:30 часот: Едукативна зеленчукова градина
  • 13:30 часот: Сезоните и овошјето
  • 14:30 часот: Од брашно до леб
  • 15:30 часот: Мед, дар од пчелите

Работилници за вкус

Едукација и дегустирање на локални производи заедно со нивните производители и експерти за храна кои ќе ги модерираат истите

  • 13:00 часот: Здраво задоволство, дегустација на различни видови мед
  • 14:00 часот: Вкусовите на локалните сирења, презентација на новата кампања на Слоу Фуд за биодиверзитет на млеко
  • 15:00 часот: 100% природа во вината од “Вила Дихово“

Театар на вкусот

  • 16:00 часот: Готвачко шоу во живо – споделување на страста кон готвењето и комбинирање на различните вкусови.

Забавна Програма

  • 17:00 часот: „МЕМФИС МАФИЈА“ во живо, рок концерт

Влезот е слободен, со исклучок на Работилниците за вкус каде бројот на присутни е ограничен.

Повеќе информации на: www.slowfood.mk/bitola

Најава и резервации: Ана: ana.k@slowfood.mk 071/222-528

                                         Пеце: contact@villadihivo.com 076/712-995