СТРУМИЦА ДЕНЕС: Колешинските кикиритки, струмичкиот сусам, струмичкиот собра грав – меѓу загрозените автохтони македонски производи

Весникот Утрински направи анализа за застапеноста на автохтоните македонски производи во нивите низ Македонија. Состојбата е загрижувачка, голем дел автохтони сорти се загрозени. Од традиционалните струмички сорти, на листата на загрозени се најдоа: колешинските кикиритки, струмичкиот сусам, струмичкиот собра грав…

Македонските производи се надалеку познати по својот квалитет и уникатност, но на голем број им се заканува исчезнување. Производството со нови, хибридни или ГМО семиња, кои даваат поголем, поиздржлив или поотпорен род, ги заменуваат производите добиени од старите традиционални семиња. Многу од препознатливите производи, карактеристични за македонската трпеза, веќе имаат променет вкус.

За голем дел, пак, предупредуваат поборниците за здрава домашна храна „Слоу фуд“ се заканува и искоренување.
http://strumicadenes.mk/kolesinskite-kikiritki-strumickiot-susam-strumicakiot-sobra-grav-megju-zagrozenite-avtohtoni-makedonski-proizvodi/