ТВ ОРБИС: Се е можно кога се сака

Велат љубовта доаѓа преку стомакот, па колку подобра храна толку поголема љубов. А кога на големо се зборува за развој на рурален туризам, Македониоја има што да им понуди на туристите и на ова поле , без разлика дали станува збор за домашни или странски туристи. Секој реон во нашата држава може да понуди производ кој се изработува на традиционален начин. Покрај останатите туристички понуди традиционалната храна е онаа што странските туристи најмногу ги привлекува. Мед, пиво , вино, ракија, млеко, сирење, градинарски култури, а се разбира овошје и еден куп нивни преработки , се разбира на традиционален начин. Со цел што подобро да се промовира и да се искористи како вистински туристички производ, храната изработена на традиционален начин, сведоци сме на често организирање на на најразлични обуки, семинари и сл. во нив подеднакво се опфатени и туристичките работници и локалното население што сака да се занимава со ваков бизнис.
„Локалната храна е важна“ особено за развојот на руралниот туризам. Но и за неа потребно е да се запазуваат одредени правила и принципи со цел да бидат запазени законските рамки што се однесуваат на безбедност и квалитет во производството на храна. Изнаоѓање на добар баланс помеѓу хигиенските правила за производство на храна од мал обем и квалитет беше целта на меѓународната работилница што деновиве се организира во потпелистерското село Трново. На едно место беа собрани земјоделци, потрошувачи, невладини организации, владини институции за храна лица од ЕК, за да се анализираат проблемите и можностите за локални одржливи системи за храна. Безбедноста и квалитетот на храната се од големо значење за што постојат строги законски правила кои е потребно да се применуваат. Но најчесто нивната примена во подготвувањето на традиционалната храна не е секогаш можно. Ова не е случај само кај нас. И во ЕУ од каде што доаѓаат низа закони и препораки за реформи во земјите што бараат пристап до ЕУ, локалното население се соочува со низа проблеми (во смисла на зголемени трошоци заради примена на одредени стандарди) така што се принудени да излезат од овој бизнис. Сосотојбата и кај нас не многу розова на ова поле така што доколку сакаме на туртистите даим похудиме нешто „наше“, „домашно“ и традиционално ќе мора да се изнајдат начини како тоа да се среди , а сепак да не се „коси“ со законот. Искуставата покажуваат дека ЕУ на овој план прави некој баланс. Па кога може ЕУ можеме и ние.
Треба само да се сака и да се изнајде начин, што ќе им одговара на сите, што би рекле старите „и волкот сит и овците на број“ . Дека тоа се може е и последниот проблем кој го имаа тутунарите во нашата земја. Иако тутунопроизводителите стравуваа дека вишокот на тутун ќе им остане во домовите, сепак заедничкиот дијалог меѓу нив и откупувачите со помош на Владата се реши на задоволство на сите. Тргнувајќи од ова размената на искуства и конструктивните дијалози на полето на развој на рурален туризам , каде ќе се промовира традиционална храна не е неможно. Се е можно само треба да се сака.

Павлина Јовановска
Извор: http://www.tvorbis.com.mk/index.php/komentar/item/818-se-e-mozno-koga-se-saka