УТРИНСКИ: НА ПЛАНТАЖИТЕ ВО ПИЕДМОНТ ГОДИШНО ПО 100.000 МАКЕДОНЦИ

Прес прегледУТРИНСКИ: НА ПЛАНТАЖИТЕ ВО ПИЕДМОНТ ГОДИШНО ПО 100.000 МАКЕДОНЦИ

Сподели

Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“.

Торино – „Ако не беа Македонците, жителите на Пиедмонт, ќе немаа вино да се напијат“, вели Карло Петрини, основач и претседател на меѓународната мрежа за традиционална храна „Слоу фуд“. Пиедмонт е познат вински регион во северна Италија, а македонските работници, како што нагласува Петрини, се многу ценети и барани од италијанските газди.
Се смета дека во потрага по заработувачка и посигурно финансиско утре, на плантажите во Пиедмонт, на сеознска работа од два до три месеци секоја година доаѓаат преку 100.000 Македонци.

На оваа тема и воопшто за учеството на странците и емигрантите во земјоделството во Италија, за вчера беше најавена дискусија на конференцијата „Направено во Италија, но не од Италијанци“, што се одржуваше во рамки на саемот „Салон дел густо“ во Торино.

„Во Канели секоја година пред гроздоберот доаѓаат околу 5.000 Македонци или по шест автобуси на викенд. Гратчето брои 17 македонски кооперативи. Најголем дел од вработените во нив се Македонци, повеќе од 95 проценти“, но има и Бугари и Романци, информира Ивана Илиева од Заедницата на Македонците во Монфорте.
На „Салон дел густо“ изминатите денови се одржаа повеќе од 80 работилници, дебати, презентации, обуки, предавања за вкусовите, за разликите меѓу природната, бавно подготвена и брзата храна.

Новина беше Школата за готвење, на која директно се приготвуваа и дегустираа јадења од разни земји и култури. Атракција претставуваше гостувањето на познатиот ТВ-готвач и активист за храна, Џејми Оливер.

Македонскиот мед во саќе, пак, го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари – учесници на саемот, оцени дека медот е еден од најдобрите. „Конкуренцијата беше огромна, бевме 55. од вкупно пријавените преку 100 учесници од целиот свет. Влеговме во петте најдобри и успеавме да го добиеме второто место“, изјави производителот Игор Илков, претседател на здружението „Македонска пчела“. Медот е полифлорен, ги содржи сите цветови што ги има во Гевгелиско, каде што е произведен. Но, во однос на цените е некаде на дното. „Со квалитет сме меѓу првите, на врвот, но според цената, последни. Луѓето кај нас едноставно не можат да си дозволат повисока цена. Во Европската тегла мед е 10, 15, 20 евра, а кај нас 300 – 400 денари. Лани беше 250 денари, а годинава поскапе поради екстремно лошите услови кои ја намалија продукцијата“, рече Илков. (Ек.Р.)

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...