УТРИНСКИ: СО СТАРИ РЕЦЕПТИ ДО СВЕТСКАТА ТРПЕЗА

Прес прегледУТРИНСКИ: СО СТАРИ РЕЦЕПТИ ДО СВЕТСКАТА ТРПЕЗА

Сподели

Македонија е една од ретките земји што изобилува со производи кои се одлика на долгата традиција, историја и култура на една локална заедница

Светот да дознае за македонското слатко од диви смокви, а производителите да ги зачуваат традиционалниот рецепт и препознатливиот вкус. Подготвени по стари техники, пренесени во семејството, од колено на колено, Македонија изобилува со храна и пијалаци кои се уникатни и неверојатно квалитетни. Буковската пипер, собра-гравот, охридскиот ѓеврек, симит-погача, виното „Станушина“ од автохтона тиквешка сорта грозје, беровскиот оцет од јаболчиња-киселици, афионова и к’цана сол, планинскиот чај од Галичица и многу други се наоѓаат на листата на светската организација „Слоу фуд“, како производи што ги има само кај нас или се подготвуваат по оригинален стар рецепт. Она што треба да се постигне, сметаат во организацијата, е тие да гарантираат безбедност, постојан квалитет, уникатност при производството.

Слаткото од диви смокви, кое со децении се произведува во валандовско- гевгелискиот регион, е пример за тоа како една древна традиционална техника на производство, искуство и знаење, кое се пренесувало од генерации на генерации, се’ уште живее благодарение на заинтересираноста на младите производители. „Слоу фуд Македонија“ работи на тоа слаткото од диви смокви за овој регион да стане заштитен знак. Иако Македонија е земја што е преплавена со домашни прехранбени производи, кои се препознатливи по своите карактеристики, вкус, а некои и по својата традиција и техники на производство, сепак дозволуваме на нашата трпеза да преовладуваат увозните производи. Случајот со скопскиот „јабучар“, неправедно истиснат од хибридните сорти домати, е само еден пример што ја отсликува реалната состојба.

„Од направените теренски истражувања, Македонија со сигурност е една од ретките земји што изобилува со производи кои се одлика на долгата традиција, историја и култура на една локална заедница. За жал, производителите не го препознаваат квалитетот на она што го поседуваат. Затоа работиме на промовирање на овие производи како на национално така и на интернационално ниво. На минатогодишниот светски саем ’Тера мадре’ и салонот ’Дел густо’, македонската делегација на ’Слоу фуд’ промовираше над 30 производи од Македонија. За таа цел, деновиве ќе одржиме и конференција за заштита на квалитетот на традиционалните производи“, вели проект-координаторот Емилија Неделковска.

Повеќето потрошувачи се свесни колку е битен квалитетот на храната, како и каде е произведена. Тоа е шансата за квалитетните, традиционални македонски производи и рецепти, кои можат да го овозможат сето тоа. Но, тоа значи дека нивното производство треба да се постави на одржливи основи, за да можат рамноправно да се борат, како на домашниот така и на странскиот пазар. Со подигање на свеста кај производителите и заштита на традиционалните производи, го заштитуваме нашето богатство.

„Слоу фуд Македонија“ повеќе од 5 години врши теренски истражувања преку кои има мапирано над 70 традиционални видови производи и повеќето се дел од светскиот каталог „Арка на вкусови“. Тие имаат одличен потенцијал и во целост ги исполнуваат условите за да се заштитат со називите „заштитена ознака за потекло“ и „заштитена географска ознака“. Поради тоа се организира и претстојната конференција, на која со надлежните институции Министерството за земјоделство и ФАО, ќе се разгледаат опциите за заштита на домашните традиционални производи, велат во организацијата.
Сања Наумовска

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...