УТРИНСКИ: ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВКУСОВИ НИ БЕГААТ ОД ТРПЕЗАТА

Прес прегледУТРИНСКИ: ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВКУСОВИ НИ БЕГААТ ОД ТРПЕЗАТА

Сподели

Планинскиот чај од Галичица, мариовското биено сирење, кашкавалот од Бистра, автохтоните македонски производи се на листата на исчезнување

Планинскиот чај од Галичица, колешинските кикиритки, медот од македонската пчела, мариовското биено сирење, кашкавалот од Бистра, неготинската наутлија, струмичкиот сусам, струмичкиот собра-грав, циронките од Стење, мариовската буша, беровскиот оцет од киселици. Тоа се автохтони македонски производи што се дел од познатата Арка на вкусови, која содржи над 1.600 препознатливи брендови храна од целиот свет. Арка на вкусови е онлајн-каталог на производи на кои им се заканува опасност од исчезнување, а се дел од одредени култури и традиции на локалните заедници од целиот свет. Тиквешкиот маџун, станушината, како автохтона тиквешка сорта грозје, и рачелите од тиква се последните наши производи кои пролетоска станаа дел од Арката на вкусови.

Македонските производи се надалеку познати по својот квалитет и уникатност, но на голем број им се заканува исчезнување. Производството со нови, хибридни или ГМО семиња, кои даваат поголем, поиздржлив или поотпорен род, ги заменуваат производите добиени од старите традиционални семиња. Многу од препознатливите производи, карактеристични за македонската трпеза, веќе имаат променет вкус.

За голем дел, пак, предупредуваат поборниците за здрава домашна храна „Слоу фуд“ се заканува и искоренување. Таква е и буковската пиперка, автохтона македонска сорта, која во ограничени количини се произведува уште во селото Буково. Планинскиот чај од Галичица спаѓа во ендемичните диви билки. Според истражувањата на „Слоу фуд,“ неговиот опстанок зависи од семејство од селото Конско, кое прави напори за одржливо одгледување на чајот.

„Целта е на производите детектирани како препознатливи во нашата култура и поднебје да им обезбедиме и одржливост, односно да го спречиме исчезнувањето. За таа цел, контактираме со производители и со експерти, се врши промоција на локално и на интернационално ниво преку мрежата на ’Слоу фуд’“, вели Емилија Неделковска, координатор за еколошки и социоекономски развој на рурални средини во „Слоу фуд“.

Таа посочува дека домашните производители ги прифаќаат сугестиите да се ориентираат кон зачувување на традиционалните производи, а за нив се организираат и тренинзи како да препознаат производ што се наоѓа на светската листа на исчезнување.

Во организацијата велат дека со предлагање на локалните растителни сорти, традиционалните преработки од нивните плодови, локалните соеви на домашни животни, млечни, месни производи, вино и преработка од риби, диви растенија и печурки, се грижат и да ги промовираат и да ги доближат до нашите трпези.

„Нивната застапеност во секојдневната исхрана претставува избор на поквалитетна храна, подобро здравје на консументите и зачувување на животната средина, а за производителите значи економска добивка и социјална сигурност во руралните предели каде што живеат и работат со своите семејства“, велат во „Слоу фуд“. Посочуваат дека Арката на вкусови, на светско ниво, е создадена да го истакне постоењето на одреден вид производи, да истакне дека им се заканува опасност од исчезнување и да ги повика сите да преземат акции за нивна заштита, преку нивното откривање, купување и нивното консумирање, промовирање на нивната приказна и поддршка на нивните производители.

Сања Наумовска
Извор: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=5E5F5549FD1CFE4DB7DFB345FBCF73FF

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...