Фестивал на улична храна во Солун

solun-street-food-festival

Слоу Фуд Битола и МиГ Травел Ве водат на првиот „Фестивал на улична храна во Солун“
Сабота 29.04 2017

Креативниот тим на Соул Фуд Солун со гордост ги поканува сите гурмани на првиот Фестивал на улична храна. Фестивалот се одржува на 29 и 30 април од 10 часот до 22 часот, а ќе се одржи на отворен простор во дворот на новото градско собрание на градот Солун, кое се наоѓа во центарот на градот, е лесно препознатлива и достапна локација. Влезот е слободен, за сите посетители.

Преку вкусовите, организаторите имаат за цел да ни го презентираат заедничкиот идентитет, идентитетот на уживање во храната, но, исто така и да ги истражуваат новите вкусови. На фестивалот ќе има можност да се вкуси храна од различни земји, која се нуди на улиците на голем број градови од светот. Истотака ќе имаме можност да уживаме во повеќе перформанси и музика од повеќе изведувачи и DJ-и.

Гастрономската потрага е неразделно поврзанa со секое патување. И со ова патување да си овозможиме извонредни вкусови, стари и нови рецепти, непознати комбинации и состојки. Зачини, ароми, суровини и рецепти од целиот свет. Од Индија до Америка, од европски десерти до азиско суши.
Повеќе за фестивалот тука

Информации:
Тргнување: 07 часот, пред спортска сала „Младост“, Битола.
Враќање во попладневните часови, во координација со групата.
Повеќе информации: Лиле Митревска 071 348 035

Билети:

• Членови на Слоу Фуд: 800 денари
• Останати: 850 денари

Резервирајте навреме, бројот на билети е ограничен!

Подигнување на билетите: вторник, среда и четврток 15-17 часот, канцеларија на Слоу Фуд Битола, Пелагонка 2, 33/35 (кат 3, наспроти Центар за германски јазик.)