ФФРМ: Бавната храна – поздрава од брзата

ФФРМ како организација која го поддржува земјоделското производство и руралниот развој, организираше средба за информативно запознавање за движењето Slow food и истовремено го подржа формирањето на Регионалниот Slow Food конвивиум- Осогово.
Ова е деветиот во мрежата конвивиуми во Македонија, којшто се формираше во Старото школо во Лесново, во вторникот (26.јули 2011г.)
„ Slow Food е светска мрежа за промена на начинот на којшто денес се произведува и се консумира храната. Движењето е формирано во 1989г. како реакција на брзата храна и брзиот начин на живеење. Практично ова движење ја подржува локалната храна:производство, заштита и брендирање. Кога зборуваме за Слоу фуд не зборуваме за квантитет туку само за квалитет на храна, кој според нас најдобро е да се консумира во периодот од годината на просторот кога и се произведува. Конвивиумот е неформално здружување на луѓе кои ќе живеат заедно, кои преку храната ке го промовираат и регионот со неговите историско културни карактеристики,” рече Нада Караиванова – координатор на Slow Food преизидиумот на ЈИ Македонија.

„ Слоу фуд е можност сами да сторите нешто за себе . Да го направите својот дел ненадевајќи се на помош од луѓето на високи функции. А со вакво богато искуство што овде го слушнав и видов, слободно може да речам дека ние дојдовме да научиме нешто овде ,” додаде Ренато Гранде – Slow Food Veneto Italia.

И тргнувајќи од тезата дека Слоу фуд не е бизнис , туку начин на организирање на производство на добра, чиста и вистинска храна, Марија Ѓошева Ковачевиќ, претставник од ФФРМ, зборуваше за потребата од организирани групи во земјоделството.

„Она што е неостварлив сон за поединецот, станува реалност за групата. Формирањето и членувањето во здружените форми носат бенефит : заедничко планирање на производството, според квалитет, квантитет, асортиман; искористување на локалните ресурси кои ги имате на располагање ; заеднички настап за најсоодветен маркетинг на произвдот, како на пример преку Слоу фуд фестивалите на храна. Само здружени земјоделци можат да ги остварат своте права, како да влијаат врз релевантние институции за различни прашања за кои се засегнати земјоделците; заедничка едукација на теми кои се од заеднички интерес за членството, градење на мрежа со други здуженија со заеднички интерес.”

Но, покрај предностите од здружувањето на земјоделците, Ковачевиќ ги нагласи и слабостите и злоупотребите на поединци во постоечките здруженија ,поради кои се губи довербата за успешно функционирање на здружување.

Инаку, на листата на меѓународниот Slow Food засега се наоѓаат дава производа од македонското поднебје: слаткото од дива смоква од Југоисточна Македонија и Планинските сирења од Мавровско реканскиот регион во Македонија.

Регионален Slow Food Осогово, планира како трет македнски бренд на оваа листа да се најде македонската к’цана сол од Кратово која се подготвува од 12 билки од осоговието.

Иницијативата за формирање на Регионален Slow Food собир – Вкусот на Осоговието ја покрена Клубот на жени фармери на ЗЗ на Машински круг и РТЗ Еко Осоговие, а манифестацијата покрај ФФРМ ја подржа и градоначалникот на општина Пробиштип.

http://ffrm.org.mk