Без вода нема одржлив развој


Денешниот ден, 22 Март се одбележува како Светски ден на водите во светски рамки за да се привлече вниманието за важноста на водата и за застапување на одржливо управување со водните ресурси.

Секоја година Светскиот ден на водата обработува различни теми од аспект на водата. Годинешната порака на ОН по повод празникот на водата која гласи Без вода нема одржлив развој!

Водата е сржта на одржливиот развој. Водните ресурси и опсегот на услуги што ги овозможуваат, овозможуваат намалување на сиромаштијата, економски раст и одржливост на животната средина. Почнувајќи од храна и енергија па се до безбедноста на луѓето и животната средина и здравјето, водата придонесува за подобрување на социјалната благосостојба и инклузивниот раст, кои влијаат на животот на милијарди луѓе.

Слоу Фуд во Македонија и денес потсетува за важноста на водата како ресурс за производство на нашата храна, нејзиното одржливо користење и штедење, бидејќи интензивното и индустриско производство на храна има негативно влијание.
Ги поддржуваме иницијативите на невладиниот сектор (а се надеваме дека и во иднина ќе ми се приклучиме) во насока на заштита на водените ресурси и богатството на хидрофлората и фауната, со стопирањето на градбата на проектот Луково Поле во Националниот парк Маврово и заштита и конзервација на преостаната површина од Студенчишкото блато на Охридското езеро.

Прославувањето на Меѓународниот ден на водата беше препорачано на Конференцијата на ОН за животна средина и развој (UNCED) одржана во Рио, Бразил во 1992 година, а за прв Светски ден на Водата е назначен 22 Март 1993 година.

www.unwater.org/worldwaterday
.
фото: Дојранско езеро