БОГДАНЦИ.ГОВ.МК: СЕ ОДДРЖА ФЕСТИВАЛОТ НА СЛАТКО ОД ДИВА СМОКВА

И како што претходно беше најавено, во организација на регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданци, а под покровителство на Општина Богданци, вчера, 18.05.2014 година, на Градскиот плоштад во Бoгданци како и секоја година се оддржа традиционалниот „Фестивална слатко од дива смоква“.

Познато едека ова слатко од диви смокви се приготвува по народен рецепт кој стана Президиум на светската листа на еколошки чисти производина меѓународната фондација “SLOW FOOD“.

Покрај презентација на подготовката на слатко од диви смокви од страна на членовите на президиумот на СЛОУ ФУД, следуваше дегустација на истото, размена на рецепти и искуства, како и културно уметничка програма исполнета од „Распеани Богданчани“, КУД „Бранд Петрушев“ КУД „Македонски Брод“ а свој настап имаше и Марија Ичкова со својот бенд.

Регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданци упатува голема благодарност до покровителот Општина Богданци и до спонзорите: ЕУРОЛИНК – осигурување АД, Печатница Софија, Лебопекара ММ.

Извор: http://www.bogdanci.gov.mk/index.php/2013-06-04-16-42-07/2013-06-04-16-43-18/339-2014-05-19-07-09-23