Вики ја сака храната 2017

wiki-ja-saka-hranata

Вики ја сака храната (Wiki Loves Food) е натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија. Натпреварот беше прв пат организиран во 2015 г. од страна на Викимедија Индија, додека во 2017 за прв пат ќе се спроведе и во Македонија.

„Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските национални јадења, специјалитети и воопшто храна. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!“ велат од Википедија Македонија
Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди.

Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, потоа ќе бидат искористени во статиите за самите јадења и специјалитети, кои што ќе се создаваат, подобруваат и уредуваат во рамки на уредувачките потфати како што се Уредувачки маратон на тема „Македонска кујна“ кој ќе се одржи во рамки на свечениот настан за доделување на наградените фотографии, организирано во заедничка соработка со Слоу Фуд Македонија и Уредувачки натпревар кој ќе се орджи во наредниот период по завршувањето на овој фотографски натпревар. Уредувачките потфати се отворени за учество од страна на сите заинтересирани регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.

Фото кредит © Sujay25, Wikipedia