Време е да ги разбиеме митовите за пестицидите


„Пред самото пуштање на семето во земјата, прво се става отров за штетниците да не го јадат семето, а потоа малку и за плевелите“ – вака започнува приказната, на секој земјоделец, пред секоја сеидба.

Малку или многу, се работи за отров!
Со надеж дека превзема превентивни мерки, СВЕСНО се уништува и семето и плодот и животната средина.

Пестицидите не се толку опасни!
Мит или реалност?
Пестицидите се опасни сами по себе-ова е реалноста!

Пестицидите се хемиски супстанции кои се користат за отстранување на паразитските огранизми кои ја уништуваат културата. Во интензивното земјоделство, употребата на пестициди денес е од суштинско значење. Масовната употреба на овие пестициди, преку поројни дождови може да дојде во допир со подземните води што доведува до загадување на водата за пиење. Од каде, не се исклучува можноста да дојде и во директен допир и со човекот. Употребата на пестицидите се врши на различни начини од кои еден е авионско прскање на површините. Што ако ја имаме таа „среќа“ па се најдеме под тој авион?

Ајде да бидеме органската точка во овој пестициден свет.

Употребата на пестициди претставува голем ризик за здравјето на луѓето. Моментално, наместо да го примениме принципот на претпазливост, продолжуваат да се користат супстанции од типот на глифосатот, кој доаѓа под комерцијалното име RoundUp на производителот Монсанто. Глифосатот е супстанција која е класифицирана како канцерогена, но не е докажано дека е 100% штетна, што претставува една драматична ситуација. Малите количини глифосат – супстанција која најчесто се користи зa уништување на плевелите се пронајдени во 14 најпродавани пивa во Германија.

Секоја пролет, од 20-30 март, се одржува неделата на пестицидите, со цел да се подигне свеста кај луѓето, да се потенцираат негативните ефекти од нив како и да се пронајдат решенија во борба против истите. Оваа година, која е 11та по ред, овој настан ќе се фокусира на негативните ефекти од пестицидите врз човековото здравје. Прашањето за пестицидите стана најважно за здравството, земјоделството и животната средина каде се мобилизираат луѓе од целиот свет. Сите сме изложени на пестициди, било преку храната која ја јадеме, водата која ја пиеме, па и воздухот кој го дишеме.

Се зголемува бројот на деца со аутизам (стапката е зголемена на 1 дете во 68 деца, или 30% за само 2 години), децата во пубертет имаат шест пати поголеми шанси да заболат од рак на дојка, се зголемува неплодноста кај популацијата, зголемено е угинувањето на пчелите… Дали сакаме да живееме во ваков свет?

Претседателот на Слоу Фуд-Карло Петрини, неодамна се изјасни на оваа тема: „Нема место за компромис. Ние треба да одлучиме дали иднината на храната ќе биде во рацете на хемиската индустрија! Со своите ветувања кои очигледно им се од економски интерес, негативно влијаат врз здравјето на луѓето и благосостојбата на животните“.
Слоу Фуд го крена гласот за оваа тема. Жителите на Европа, со надеж очекуваат дека ЕУ ќе ја разгледа можноста да престане употребата на оваа отровна хемикалија.

Триумф за некои, или пораз за другите?