Журнал: Прв Слоу Фуд Пресидиум во Македонија

Република Македонија, од април годинава, стана дел од светската листа пресидиуми Слоу Фуд. Група жени од повеќе населени места во југо-источна Македонија го формираа првиот македонски пресидиум на слатко од дива зелена смоква.

Слаткото претставува производ добиен со преработка на овошје (свежа зелена дива смоква). Овој производ е трaдиционален македонски десерт типичен за југо-источните предели, Гевгелија, Богданци, Нов Дојран, Стар Дојран и Валандово.

Уште од далечно минато, слаткото во Македонија претставувало десерт без кој не можела да се замисли ниту една домаќинска куќа. Иако слаткото се произведувало на ист начин, секоја домаќинка имала по некоја своја тајна во готвењето. Таквите рецепти се пренесувале од колено на колено векови наназад.

Во светот има 300 пресидиуми, а двесте од нив се во Италија. Во нив членуват повеќе од 10000 производители преку кои се заштитува биодиверзитетот низ целиот свет.

Слоу Фуд Пресидиумите (лат. præsidium, множина presidia што значи заштита, одбрана) преку Слоу Фуд Фондацијата за Биодиверзитет ги подржуваат квалитетните производства за кои постои ризик од изчезнување, ги заштитуваат уникатните региони и еко системи, малите производства, ги подржуваат традиционалните методи на производство, се грижат за автохтоните и локални видови и различностите на растенија.

Пресидиумите директно се грижат за производителите, нудат технишка помош за подобрување на квалитетот на производство, организираат размени помеѓу различни држави, овозможуваат пристап до нови пазари (локални и меѓународни).

http://zurnal.mk/