Чекори и алатки за заштита на традиционалните производи од исчезнување и помагање на локалните заедници на храна, е целата на годишната средба „Тера Мадре Балкан“ во Дубровник.
За време на средбата, која се одржува од 19 до 22 јуни, се одржува настан – Пазар на фармери, каде е претставено сирењето од Мавровско-реканскиот регион.
Во рамки на манифестацијата денес ќе се одржат две конференции, за поддршка на малите – семејни фармери и за заштитена географска ознака на производите. На првата ќе бидат презентирани флексибилните мерки во ЕУ регулативите со оглед на обвинувањата дека Унијата често донесува строги закони кои ги ограничуваат малите – семејни производители, на тој начин заканувајќи им се на локалните традиции и знаењата за занаетчиското производство на храна. На втората, пак, ќе биде предочено дека повеќе од 1.400 производи имаат заштитена ознака за географско потекло во Европската унија, но само неколку од нив се од Балканскиот регион. Оваа конференција ќе го појасни процесот неопходен за воведување на географските ознаки преку примерите со мандарините од хрватската долина на Неретва и куленот од Барањскиот регион
На средбата учествуваат 200 делегати од 11земји, и тоа од Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Извор: http://www.kapital.mk/MK/region/98243/tera_madre__da_se_zashtitat_tradicionalnite_prehranbeni_proizvodi_vo_regionot!.aspx
