Масимо Ботура: Сонот е она што нe води

Готвачите се најдобри учители за пренесување на гастрономската култура. Тие имаат директен контакт со потрошувачите, уживаат во аурата на знаење и кредибилитетот, тие се внимателни истражувачи на хранливите ресурси на нивните територии. Нивната улога е од фундаментално значење за заштита на биодиверзитетот на земјоделските и прехранбените производи.

“Во иднина, гледам готвачи кои доаѓаат во кујната со зеленчукот директно од земјата и млеко директно од крава, водени од нивното минато и нивните сеќавања, тие ќе ги донесат најдобрите рецепти од нашето минато кон иднината. Ние сме вистинските чувари на нашата култура. Ние мора да продолжиме да бараме производи кои исчезнуваат и да ги нудиме на нашите клиенти, објаснувајќи им ја причината зошто е важно да ги заштитиме. Сонот е она што нe води , за да не се заборави.”
~ Масимо Ботура, член на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд
Остериа Франческана, Модена

Остериа Франческана, спаѓа во листата на 50-те најдобри ресторани во светот од 2009 година до денес. Во последните пет години е во првите десет. Италијански ресторан, предводен од шеф Масимо Ботура, подготвуваат традиционална кујна од Емилија Ромања, како и националните класици од авангардна и концептуална гледна точка. Сместен во градот Модена, ресторанот е синоним за современа кујна.

Фото кредит © www.theupcoming.co.uk