Моменти од Тера Мадре Македонија низ фотографии

Избрани 10 моменти од настанот Тера Мадре Македонија, регистрирани од фотографот Беким Мустафа.


1.Настанот „Театар на вкусови“ како дел од фестивалот Тера Мадре Македонија, што се одржа во Битола, дефинитивно предизвика најголемо внимание.
На фотографијата е мастер шефот Влатко Огненовски кој пред очите на присутните готвеше зајачко месо со прилог од зеленчук. Посетителите внимателно го следеа, слушајќи ги неговите пораки за важноста на здравата исхрана,едвај чекајќи да го пробаат зготвеното.

2.Радост….токму така треба да се вика оваа фотографија. Посетителите расположени за фотографирање, после направената дегустација на зајачкото место. Сите среќни задоволни позираа, коментирајќи дека Влатко е навистина прекрасен, и како готвач и како презентер!

3.Мммммм, колку убаво мириса! Оваа фотографија е направена во кампот на Слоу Фуд Млади на Македонија. Вино-култура, дегустација и уживање…

4.Само за вас, готви Филип Чаловски.Во рамките на Тетарот на вкусови на Тера Мадре Македонија! Филип потенцираше колку го сака домашно подготвеното слатко од шумски плодови набрани во еколошки чистите предели со кои е богата Македонија.

5.На фотографијата, Филип Чаловски ги чести посетителите со свежо зготвено јадење, со многу љубов. Од лицата им се гледа дека се задоволни и дека уживаат…И, што е најважно, се бара парче повеќе!

6.Мастер курс за занаетчиски пива. Одлична можност да научиш нешто ново и можеби да почнеш и свој бизнис, своја слоу фуд приказна…Како заокружување на учењето, секако дегустација на пива, од кои некои не сте ги пробале никогаш. Се испи се. До последна капка!

7.Нешто вкусно се готви! Како колачиња од рогач на пример! Децата возбудено следат што се случува, учат нови нешта, играат, се дружат и едвај чекаат да ги пробаат колачињата!

8.Фотографија со прекрасна порака! Храна за сите! Игра за сите! Радост за сите! Затоа што сите сме родени еднакви!

9.Домашно подготвени кифлички за секој што ќе го посети штандот. Додека има! Превкусни, се јадат со сласт!

10. И за крај на приказнава, малку да се заблажиме. Со локум! Локум за добредојде, локум за уживање, локум за до некое следно видување!

Слоу Фуд Македонија ја организира оваа манифестација со финансиска поддршка на Европската Комисија, преку проектот “Еколошко одржливсоцио–економски развој на руралните средини (ЕССЕДРА)„ и со поддршка на партнерите: Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југо источна Европа SWG, преку проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и соводните ресурси (LEIWW)”поддржан од програмите на ABD и GIZ; Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка; Центар за развој на пелагонискиот плански регион, Општина Битола и приватни компании.

тeкст: Наташа Николовска Мустафа
фото © Беким Мустафа