ПЕНЗИОНЕР: Одбележан “Денот на бабата

Во саботата на 19.05. 2012 година по повод “Денот на бабата” во организација на движењето Слоу Фуд за храна-интернационална мрежа за подршка на филозофијата за здрава храна со цел за заштита на својата иднина во “Ореов лад” се одржа манифестација со презентација на храна изработена од вештите раце на учениците и нивните професори од средното угостителско училиште “Лазар Танев” и нивните подржувачи. На манифестацијата беше поканета музичката пензионерска група “Серенада” кои со своето учество во програмата, дружењето со песната и поезијата на Сава Таховска придонесоа денот да помине во убаво дру- жење на пензионерите со младите домаќини кои покажаа дека традицијата продолжува со нов бран на спознание што значи здрава исхрана за здраво поколение. Честитки за координаторот проф. Василка Стефановска. С.Т.

списание „Пензионер“