Oваа сабота на 15.09 2018 година, ќе се отвори првиот „Пазар на локални производи“ во Битола, со почеток од 10 часот во „ЈП Пазари“ во Нова Битола.
Концептот на пазарот е замислен како место каде директно ќе се среќаваат производителите кои ќе ги нудат своите производи и консументите, кои по фер цени ќе добијат квалитет на кој може да му веруваат.
Пазарот дава можност на сите мали и локални производители да понудат, а консументите да набават:
• домашна локална храна
• органска храна
• традиционални преработени производи
Да ја преточиме филозофијата на Слоу Фуд во реалност!
ПРОГРАМА:
• Дегустација и продажба на производи
• Готвење во живо; Пеце Клечкаровски, готвач, производител, активист за храна и музичар
• Едукација на деца: тренинг на сетилата за препознавање на храната
• Забава и дружба: Dj сет на B-boy
Пазарот е поддржан од: Општина Битола и ЈП Пазари, Битола а го координира „Слоу Фуд Битола“, Битола.
Линк до настанот: тука