Приказната за Фиоре Сардо


Во пресрет на најновото издание на фестивалот Cheese 2015, кој започнува утре во Бра, Италија, Ви ја раскажуваме сторијата за сирењето Фиоре Сардо.
Ова сирење, некогаш се произведувало од страна на овчарите на Сардинија. Но, во поново време преработката на млекото се префрли од мандрите во индустриските млекари, кои технолгогијата на сирењето ја доближија до таа на Пекорино Романо. Поточно, Фиоре Сардо се произведува само од млеко од Сарда овците и мора да се суши во првите две недели во близина со мангал. Кога сирење ја достигне првата фаза на зрелост, на кората редовно се нанесуваат мешавина од вински оцет, маслиново масло и сол, при што сирењето се превртува често. Постојат две теории за потеклото на името “Фиоре”, што значи цвет: Тоа може да дојде од употребата на цветови од трн (Cynara cardunculus) како сирило, или од цветовите врежани врз основата на дрвените калапи кои некогаш се користеле за обликување на сирењето.
Президиумот на Слоу Фуд е основан за да се заштити традиционалното производство во неколку помали градови во областа Барбаџа. Неколку производители се уште ги негуваат тајните на занаетчиското сиренарство, правејќи по неколку десетици пити сирење од полномасно овчо млеко, секоја година. Тие не користат комерцијални стартер култури и подготвуваат сопствено сирило. Количината е мала, во споредба со тоните сирење произведени од страна на поголемите комерцијални млекарници, но квалитетот е извонреден.
Производство е во периодот од декември до јуни со зреење во период од најмалку четири месеци.
Посетителите на Cheese 2015, сирењето Фиоре Сардо може да го пробаат во улицата на Президиумите.