Протести ширум Европа против компанијата Moнсанто

Вчера, околу 2.000 луѓе се собраа во Париз на протести против „Moнсанто“, мултинационален земјоделско-биотехнолошки гигант, водечки светски производител на хербициди и генетски модификувани семиња (ГМО), барајќи забрана за користење на пестициди и ГМО материјали,

Учесниците на протестот во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Монсанто е лош за здравјето“ и „Монсанто сее смрт“ и извикуваа слогани против оваа фирма. Учесниците на протестот истакнуваат дека генетски модифицираната храна која што се произведува од страна на биотехнолошкиот гигант Монсанто станува причина за сериозни здравствени проблеми и смртоносни болести како што е ракот.

Протести беа одржани и во други европски градови, во Бордо со истиот мотив се собрале околу илјада демонстранти кои извикуваа „Сите го мразат Moнсанто“ и „Не сакаме пестициди“, а во Лион имало 800 луѓе. Собири на повик на граѓански здруженија по истиот повод имало и во други француски градови но и во Канада, наведува AFP. Во Хрватска собири против Moнсанто се одржани во Загреб и во Осијек, под мотото „Сакаме да знаеме, што јадеме!“ . Притоа е изразена поддршката на малите семејни земјоделски стопанства кои произведуваат здрава храна, пренесе агенцијата Хина.

Во Моргес, во близина на швајцарска Лозана, според податоците на организацијата Гринпис, се собрале околу 1.200 луѓе, а меѓу транспарентите кои биле истакнати се издвојувал „Moнсанто е злосторничка организација“.

Собирите против Moнсанто следеа неколку дена откако Европската унија по вторпат го одложи носењето одлука по долготрајните преговори за продолжувањето на дозволата за користење глифосфатите, кои ги содржи и хербицидот „Раунд Ап (Round Up), кој го произведува оваа американска компанија. Во извештајот на Обединетите нации објавен минатата година во мај, се наведува дека е веројатно одредени количества од овие супстанции во организмот може доведат до појава на рак, но минатогодишниот извештај на Агенцијата за канцер на ОН повикува да се признае како канцерогена.

Слоу Фуд млади Македонија, неколку години со ред по повод овој ден, организираше различни активности со цел да го актуелизира ова прашање и кај нас, оваа година изостанаа ваквите активности, но континуирано ја спроведува кампањата „Не за ГМО“.

Фото: © http://net.hr