Сетила? Што е тоа?

Краток водич за сензорна едукација

Да се најде смисла, здрав разум, да се допрат туѓите чувства… Овие се само дел од секојдневните фрази кои ја истакнуваат важноста на сетилата во нашата ориентација. Таа ориентација има одредено влијание врз нашиот избор за тоа што ќе конзумираме и каков стил на живот ќе одбереме да живееме.

Познато е дека осетите кои се формираат од надворешните дразби преку нашите сетила, неминовно влијаат врз равојот на нашите емоции, свест и врз нашиот нервен систем. Овие осети се присутни уште во преднаталниот период, додека се наоѓаме во утробата на мајката. Ние секојдневно сме постојани приматели на разни стимулуси (дразби) кои доаѓаат од нашето опкружување и од нашата култура. Тие дразби придонесуваат во градењето на разни невронски врски во нашиот мозок и нашата меморија.

Ефектот на ваквите искуства е многу значаен. Тие имаат силно влијание и можат да создадат нови невронски мрежи, да ги зајакнат или ослабнат постоечките и да ги формираат индивидуалните избори и вкусови. Мозочните врски кои се создаваат се уникатни, неповторливи и многу лични, па така, перцепциите кои ги формираме првенствено претставуваат субјективен феномен и потврдуваат дека природата ни дарува диверзитет. Средината во која живееме создава заеднички можности кои ги одредуваат афинитетите и можностите за споделување на нашите искуства.

Публикацијата симни ја од тука.

©Slow Food, 2012