Сител: Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

Македонскиот мед еден од најдобрите во светот. На саемот за традиоционална храна Слоу фуд во Торино го освои второто место во конкуренција на 100 пријавени производи.
На саемот е поставен т.н. Бар на медот каде може да се дегустира мед од Африка, Танзанија, Океанија, Јапонија,…, мед од сончоглед, портокал, еукалиптус, па дури и од кафе.
Најскап е специфичниот мед од Јемен, 60 евра за 45 грама, кој се продава со уверување дека ја прочистува душата. Поради тоа, велат производителите, некои купувачи не жалат за тегла да дадат и 200 до 400 евра.
Макеоднскиот мед по квалитет е меѓу најдобрите, но истовремено е и меѓу најевтините се продава по цена од 300 до 400 денари.
Но, пчеларите предупредуваат дека заради лошото време можно е до крајот на годината во земјава да недостига мед. Затоа постои опасност да се појават фалсификувани производи на пазарот.
Пчеларите советуваат потрошувачите да купуваат кристализиран мед од пчелари што ги познаваат, а прозводителите да се фокусираат и на млеч, восок и прополис а не само на мед.
Александра Десподовска
Извор: http://www.sitel.com.mk/makedonskiot-med-eden-od-najdobrite-vo-svetot-1