Слоу Фуд Македонија и ТА Атлантис ве водат на: Тера Мадре Салонe дел Густо

Бидете дел од најголемиот и најексклузивен глобален настан за гастрономија, од 22-26 септември 2016 во Торино, Италија

Во регионот Пиедмонт и градот Торино, Италија од 22-26 септември ќе се одржи 11-то издание на меѓунарониот саем на Слоу Фуд – Тера Мадре Салон дел Густо. Ова е најважниот настан кој е посветен на културата на храната. На настанот ќе учествуваат 160 земји, 800 изложувачи на храна, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре.
Целосна програма на настанот: www.salonedelgusto.com/

Тера Мадре Салон дел Густо е настан кој се организира на секои две години. Оваа година, Слоу Фуд одлучи најголем дел од активностите и изложувачите да ги смести на улиците, парковите, музеите, кралските палати низ Торино. За да ви го донесе поблиску овој настан, Слоу Фуд Македонија во соработка со туристичката агенција „Атлантис“ организира 7 дневен аражман во градот Торино и регионот Пиедмонт.

Информации за турата:
Патувањето опфаќа посета на саемот Тера Мадре Салон дел Густо, градот Торино со неговите знаменитости како и тура во регионот Пидемонт кој е познат како регион каде што се произведува најквалитетно вино.

1 ден (20.09.2016) Битола-Скопје-Торино Тргнувањето ќе биде од Битола пред спортската сала „Младост„ 9.30 часот, Скопје „Дрводекор“ во 13.00 часот. Се патува преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција. Патувањето ќе се одвива со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор на барање на патниците.

2 ден (21.09.2016) Пристигнувањето во Торино. ќе биде во препладневните часови. Сместување во хотел. По краток одмор се оди на разгледување на гратчето Венариа Реале во околината на Торино и факултативна посета на палатата „Региа ди Венариа“ и стадионот на „Јувентус “. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (22.06.2016) Отварање на саемот. После појадокот се оди на Тера Мадре Салон дел Густо. Оваа година настанот ќе се одвива на улиците на Торино. Филозофијата на добра, чиста и правична храна , која ја вклучува Слоу Фуд и светската мрежа Тера Мадре им припаѓа на сите и затоа секој треба да ужива во светот на Тера Мадре. Токму затоа регионот Пиемонт, градот Торино и Слоу Фуд одлучија да ги отворат вратите на настанот и да ги заземат најубавите и најпрестижни места во градот. Parco del Valentino, Borgo Medievale, Palazzo Reale, Teatro Carignano, Circolo dei Lettori се само дел од местата каде што настанот ќе се одржува. Целодневна посета на настанот. Враќање во хотел . Ноќевање.

4 ден (23.09.2016) Тера Мадре и разгледување на Торино. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување на настанот Тера Мадре. Факултативна посета на Базиликата на Суперга, гробница на повеќе принцови и кралеви од династијата Савоја. Прошетка низ паркот Валентино – еден од најзначајните симболи на Торино, во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, потоа кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana (Музејот на кинематографијата), доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија. На истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори.Ноќевање.

5 ден (24.09.2016) Тера Мадре и прошетка низ Торино. После појадокот, се упатуваме во разглед на Торино, можност за панорамски разглед на градот со автобус. Факултативна посета на некој од музеите: Музејот на кинематографијата, Египетскиот музеј, Воениот музејот.
На Тера Мадре можете да ја посетите конференцијата „Да го зачуваме биодиверзитетот на Балканот“ каде излагање ќе имаат и претставници од Слоу Фуд Македонија, Замок Валентино 10.30-12.30 часот. Ноќевање.

6 ден (25.09.2016) Посета на Тера Мадре и шопинг. После појадокот, се упатуваме на Тера Мадре. Учество на конференцијата „Медовите ширум светот“ каде учество ќе земат и делгатите од Македонија од президиумот „Макби“, Палата на Ректоратот на Универзитетот во Торино, од 10-13 часот.

Слободно време за шопинг во ексклузивните продавници околу кралската плата и во трговскиот центар Лингото. Ноќевање.

7 ден (26.09.2016) Винска тура низ Пиедмонт После појадокот, напуштање на хотелот. Се упатуваме во посета на еден од најпознатите вински региони во светот: Полензо, седиштето на Универзитетот за гастрономски науки и познатата „Банка за вино“ ( Banca del Vino), каде може да се дегустираат неколку стотици на вино. Потоа се упатуваме кон Бра, градчето каде се роди идејата за Слоу Фуд, а денес е седиште на организацијата. Потоа во Ла Moрa , село каде што се произведуваат најдобрите вина Бароло. Ќе ја посетиме винарската визба и ќе уживаме во дегустацијата. Последната станица на денот ќе биде во Grinzane Cavour, замок во кој се наоѓаат Enoteca Regionale del Piemonte.
Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија.

8 ден (27.09 2016) Пристигнување во Македонија (Скопје во попладневните часови, Битола во доцните часови)

tm-slika-3

Цена на аранжманот:
• 14.500 денари, во хотел со 2 ѕвезди
• 16.500 денари, во хотeл со 3 ѕвезди

Во цената на аранжманот вклучено е:
• превоз со високотуристички автобус (ТВ, ДВД, ВЦ, клима) на дадената дестинација време на патувањето.
• сместување во дво и трокреветни соби во хотел со 2 */ 3* на база 5 ноќевање со појадок
• посета и разглед на Торино и околината
• посета и разглед на Пиемонте регионот
• организација и водство на екскурзијата со претставник од агенцијата „Атлантис“.
• организација и реализација на патувањето, водење на кратки тури на Тера Мадре Салоне дел Густо од „Слоу Фуд Македонија„

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување
• влезници за Региа ди Венариа (12 евра) и Банката на вино (3 евра)
• се што не е наведено во програмата

Напомена: Цената е со вклучен ДДВ и сите други јавни давачки
Калкулацијата е правена на минимум од 45 патници кои плаќаат по автобус
До прецизирање на бројот на патници места во дадените хотели не се чуваат
За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. АтлантиС

Лица за контакт:
• Анита Главевска (Слоу Фуд Македонија) anita.g@slowfood.mk 075/708-807
• Снежана Богоевска (Т.А Атлантис, Битола) bitola@atlanstis.com.mk 075/253-212