Со љубов од Битола

Во, четвртокот, во кафе барот Порта Џез во Битола, беше отворена традиционалната изложба „Со љубов од Битола“. Организаторите, Центарот за европски развој и интеграција во соработка со алумните на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА велат дека изложбата е аспирација преку фотографија да се потсетиме дека убавината е во окото на набљудувачот и дека сепак Битола во себе крие многу убавина, европки дух и желба за живот…
Оваа година на конкурсот свои фотографии испратија повеќе од 30 автори, а стручното жири селектира 25 и награди 3 фотографии со прво, второ и трето место. Партнер во реализацијата на изложбата е принт студио Бабук од Битола кој се погрижи за изведбата на фотографиите.

Tретонаградената фотографија: „Храна, радост и насмевки за сите“ © Наташа Мустафа
Tретонаградената фотографија: „Храна, радост и насмевки за сите“ © Наташа Мустафа

„Фотографијата е направена на настанот „Тера Мадре Македонија“, организиран од страна на Слоу Фуд Македонија, кој неодамна се одржа во Битола, поточно за време детската работилница за храна, која се одржа во рамките на овој фестивал. Ме трогна посветеноста на девојката, љубовта, радоста, насмевките на децата….тие дури и пееја додека ја гледаа како им прави колачиња. Оваа фотографија е мојата порака, како јас сакам да ја гледам Битола….убава, шарена, весела, насмеана, разиграна и со еднаков пристап за сите“-изјави третонаградената Наташа Мустафа.

За првпат оваа година изложбата има продажен карактер. Сите фотографии чинат по 500 денари, додека наградените три по 1000 денари.
Средствата кои ќе бидат прибрани од продажбата на фотографиите се наменети за набавка на помагала за штитениците од Заводот за ρехабилитација на деца со оштетен слух, говоρ, глас и дρуги пρоблеми во развојот- Κочо Ρацин” од Битола.