Старите семиња од Словенија во маркетите на „Шпар“

Семиња од старите словенечки сорти овошје и зеленчук ќе им бидат достапни на потрошувачите во трговскиот синџир „Шпар” во Словенија, како резултат на акцијата на компаниите „Шпар” – Словенија и „Семенарна Љубљана”, соопштија компаниите.

Со акцијата SPAR Kot Nekoč („Шпар – како некогаш”), чија цел е зачувување на автентичните словенечки градинарски култури, на потрошувачите за почеток ќе им се нудат пакувања од старо семе за 23 автохтони сорти семиња — разни видови салати, домати, пиперки, грав, кромид и моркови.

Предностите на автохтоните сорти, се многукратни: прествавуваат непроценливо, специфично културно наследство, приспособени се на локалните услови на поднебјето и земјата, отпрони се на штетни болести на растенијата и се темел на самоодржливоста во исхраната и придонес кон зачувување на биолошката разноличност на Словенија, оценуваат во „Шпар” – Словенија.
Според Светската агенција за храна (ФАО), 75 отсто од видовите растенијата што се користеле во исхраната се засекогаш изгубени. Околу 60 отсто од исхраната во светот се базира на само три вида житни растенија: пченица, ориз и пченка.

Светското движење Слоу Фуд укажува дека само во Индија, во Кина и во Мексико има илјадници видови ориз и пченка што традиционално се одгледувале, но на пазарот се достапни само неколку хибридни сорти, развивани во гигантите на индустријата со семиња.

Извор: instore.mk

Фото кредит © porch.com