ТВ ОРБИС: „Локалната храна е важна“

Изнаоѓање на добар баланс помеѓу хигиенските правила за производство на храна од мал обем и квалитет е целта на меѓународната работилница што неколку дена се организира во потпелистерското село Трново.

„Локалната храна е важна“ особено за развојот на руралниот туризам. Но и за неа потребно е да се запазуваат одредени правила и принципи со цел да бидат запазени законските рамки што се однесуваат на безбедност и квалитет во производството на храна. Токму затоа и се организира меѓународна работилница на оваа тема во потпелистерското с. Трново во хотел ресторан Шумски фенери. Целта е на едно место да се соберат земјоделци, потрошувачи, невладини организации, мали производители на храна, ветеринари , национални владини институции за храна како и одговорни лица од ЕК, за да се анализираат потенцијалните закани и можностите за локалните одржливи системи за храна во регионот кои се подготвуваат за пристапување во ЕУ. Како што кажуваат оранизаторите , невладината Слоу фуд Битола, размената на добри практики и одржување на панели на добри админситративни и законски пракси на земјите членки на ЕУ може многу да помогне во производството на храна од помал обем. Постои растечки интерес на земјоделците и потрошувачите на локална храна. Европската Унија е посветена кон промовирање на локалните системи за производство на храна .

Растечките инвестициски трошоци бараат , како предуслов, да се исполнат хигиенските стандарди за обработка на храна во фарма со што се врши се повеќе притисок до фармерите да пристапат на производство на локална храна. Досегашното искуство во ЕУ покажува дека во ваквите случаи многу производители на традиционална храна се принудени да излезат од овој бизнис. И во нашата земја постојат строги законски правила кои проиводителите мораат да ги применуваат. Токму затоа ваквите работилници се организираат за да се иницира конструктивен дијалог меѓу сите чинители со цел да се постигне некоја флексибилност и да може локалната храна да се произведува на традиционален начин. Работилницата ја организира Слоу фуд Битола и Форум Синерџи во соработка со Тера мадре балкан.

Павлина Јовановска
извор: http://www.tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/815-lokalnata-hrana-e-vazna