ТВ ТЕРА: Средношколско НЕ за ГМО храна!

Eдукативна средба за запознавање и подигнување на свеста на средношколците за тоа што е ГМО, како да го препознаат ГМО производот и зошто да не го конзумираат. Проблемот со ГМО то според координаторот на Slow food доаѓал од Америка од познатата корпорација Мусанто и започнува од 70 тите години „ ГМО може да се сретне во најразлични производи и кај нас ние ќе се соочиме со проблемот кога ќе се даде дозвола и животните да можат да се прихрануваат со ГМО сточна храна па битно е да се напомене дека се што е од животните ќе доаѓа и до нас”- изјави Емилија Неделковска координатор на Slow food
Влијанието од ГМО според Неделковска било големо

„Пролетните алергии кои што се случуват се резултат на ГМО производи и сето она што се користи како ѓубрива . Ако тргнеме од тие пролетни алергии можно е да се види и увидот од алергии од штетноста па дури доведува и до фатални последици-смрттност”- додава Неделковска
Неделковска со низа препораки како да се заштитиме од штетното влијание на ГМО

„ Најпрво треба да се провери декларацијата на производот, најчесто декларациите за ГМО не се толку експлицитни иако се напишани со малечки букви. Треба повеќе да се едуцираат граѓаните преку вакви едукативни предавања и предавања од научници”- вели Неделковска
Учениците од средното училиште од Демир Хисар задоволни од ваквите предавања бидејќи се запознале со генетски модифицираната храна „ Преку ваквите предавања ние можеме да научиме за штетноста на ГМО и кои производи да ги конзумираме за да можеме да живееме здраво”-изјави Мартина Велковска -ученик
Во училиштето во тек е акцијата „ Секој ден е ден на планетата земја” . Целта е преку вакви проекти да се анимира пошироката јавност за одржување на здрава и чиста средина „ Покрај трите основни точки на ЕКО одборот заштеда на вода и енергија, одржување на здрава средина во училишната зграда и училишниот двор воведуваме уште една акција „ Секој ден е ден на планетата земја”. Направивме некои проекти , изработивме контањери за хартија и пластика со поддршка на училиштето и општината”- изјави Јана Пајковска ученик

Инаку Slow food е интернационална организација која како движење е формирана во 1987 во Италија. Распространета е во 160 земји ширум светот со на 100 илјади членови. Во Битола е формирана во 2011. Трибината беше одржана во средното училиште „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар во соработка со Slow food.

Весна Шеровска ТВ Тера
Извор: https://www.youtube.com/watch?v=tqoYPwfY7mo