ТЕЛЕГРАФ.МК: Традиционална храна на „Ден на бабата“ во Скопје

За првпат годинава ќе биде промовирана и новоформираната Алијанса на готвачи чија цел е со традиционални локални производи да се готват современи јадења и да се промовира здравата традиционална храна.
Под мотото „Стари бабини рецепти во ново гуманско руво“ денеска во Скопје по шести пат ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“ на која ќе биде презентирана македонската храна подготвена по традиционален рецепт.
На манифестацијата ќе биде презентиран и проектот „Конзервираме заедно“ како дел од програмата „Erasmus +“. За првпат годинава ќе биде промовирана и новоформираната Алијанса на готвачи чија цел е со традиционални локални производи да се готват современи јадења и да се промовира здравата традиционална храна. Настанот е во организација на „Слоу Фуд Водно“ и истиот ќе се одржи во ресторанот „Ореов лад“ со почеток од 12 часот.