Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 го добива својот конечен изглед!


Постерите кои се симбол на овој настан, зборуваат за богатството и разновидноста на Тера Мадре.
Денес беше претставен визуелниот дизајн, кој ќе се користи во промоцијата и по кој ќе биде претпознатлив целиот настан Тера Мадре Салоне дел Густо 2016, кој ќе се одржи во Торино од 22 до 26 септември.

Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 година, оваа година нема да биде настан кој е ограничен во изложбениот простор на павилјоните на саемот Лингото, туку ќе се протега насекаде во градот. Паркови, театри, и сториски градби, цели квартови, ќе бидат вклучени во овој настан.

Паркот Валентино ќе биде домаќин на италијанскиот и меѓународниот пазар, Средновековниот град ќе биде домаќин на едукативните активности за возрасни и деца, во Кастело дел Валентино ќе се случува форумот на Тера Мадре. Конференциите ќе се одржуваат во Театарот Карињано , винотеката ќе биде сместена во убавите холови на Кралската палата, работилниците за вкус ќе се одржуваат на неколку локации вклучувајќи ги Клубот на книгата (Circolo dei Lettori) , Музејoт на кинематографијата (Mole Antonelliana) и маркетот на Итали (Eataly). Уличната храна и малите производители на пиво ќе биде домаќин по должината на брегот на реката Пo. Програмата на настанот предвидува влез и други културни институции на градот Торино, кои се од голема вредност: почнувајќи од Египетскиот музеј преку Галеријата за современа уметност (ГАМ) и Музеј на Ориенталната уметност (МАО). Настанот ќе се протега и надвор од градот: од кралската палатата Венариа Реале, замокот Кастело ди Риволи, замокот Кастело ди Ракониџи, како и Банката за вино сместена во Агенција ди Полензо.

Темата на настанот, „Да ја сакаме Земјата“, во себе ја сумира целата филозофија на Слоу Фуд за здружување и заедничка акција на членовите на мрежата, за заштита на животната средина и потребата сите ние да бидеме учесници во промените.

Постерите кои ќе ги придружуваат сите комуникациски настани поврзани со Тера Мадре Салоне дел Густо во 2016 година беа дизајнирани од страна на „Бода“, Торино, студио за комуникација, архитектура и видео презентации, која ја карактеризира долгорочната соработка со организацијата Слоу Фуд. Тимот на „Бода“ досега работел на документарниот филм во 2008 година наречен „Луѓето на Тера Мадре“. Подоцна тој се прикажуваше на Берлинале со други документарни филмови, направени во Африка за президиумите на Слоу Фуд (јогуртот со пепел од Покот, Кенија, дивото кафе од дождовните шуми во Харена, Етиопија, соолениот кускус од просо од островот Фадиоут, Сенегал. Во 2015 година победија на натпреварувањето за најдобар документарен филм на Еуропеана со филмот „Семиња“– каде главни ликови беа главните ликови од италијанската асоцијација на Слоу Фуд президиумот на гравот Поко од градот Лука и дињиите Пурцеду од Алкамо.

Роберто Бурдезе, член на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на Слоу Фуд изјави: “Соработката со студиото „Бода“ претставува искуство на размена и меѓусебното разбирање. Нивнитиот дизајн е во согласност со нашата филозофија и оддава многу внимание на деталите. На фотографиите кои го придружуваат на настанот индивидуалните фигури изработени од различни хетерогени фотографии: укажуваат на богатството и комплексноста на мрежата на Тера Мадре и биолошката разновидност, која ја карактеризира светот во кој живееме”.

Денешната конференција, каде учесници беа и Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд, Серџо Киампарино, претседателот на провинцијата Пиемонт и Пјеро Фасино, градоначалникот на Торино – беше можност за покана до Тера Мадре делегатите, исто така, повик до локалните жители на Торино и околните области за и тие со сите напори да дадат свој придонес и самите да станат дел од овој настан.

За повеќе информации обратете се на прес-службата на организацијата:
• Слоу Фуд Интернационал: Паола Нано, p.nano@slowfood.it
• Слоу Фуд Македонија: Анита Главевска anita.g@slowfood.mk

Организиран за прв пат во 1996 година, Салоне дел Густо Интернационале е еден од најзначајните настани за малите производители на храна и вино, како можност да се разменат искуства за производството на храна и да се здружат производителите од целиот свет.

Последното издание, што се одржа во саемот Лингото во Торино во октомври 2014 година, привлече околу 220.000 посетители од повеќе од 60 земји низ целиот свет; на Тера Мадре присуствуваа 3.000 делегати од околу 160 земји, со голем изложувачки простор со повеќе од 1.200 излагачи од 100 земји, меѓу нив и 300 производители од Слоу Фуд президиумите и претставници на 400 заедници на храна од Тера Мадре мрежата, поделени според географските области од кои доаѓаат.

Слоу Фуд вклучува милиони луѓе кои се страстни заговорници на добра, чиста и правична храна. Во организацијата се вклучени готвачи, млади активисти, земјоделци, рибари, експерти и универзитетски професори од повеќе од 160 земји; мрежа на повеќе од 100.000 членови поврзани во светот во 1.500 локални ограноци (познати како конвивиуми), придонесувајќи да се поврзат со нивните обврски за организирање на настани и спроведување на кампањи, како и 2400 Тера Мадре заедници на храна од целиот свет кои семејно и одржливо производство на квалитетна храна.