ТЕРА ТВ: Едукативни работилници за вино во Интимен театар

Во организација на факултетот за туризам и угостителство од Охрид, во Интимниот театар беше организирана едукативна работилница за вино и slow food. Презентацијата за вино ја одржа енолог од винарија Стоби- Андон Крстевски, се со цел презентирање на винската култура во Македонија.

На истата присуствуваа повеќе студенти од факултетот за туризам и угостителство за кои ова е одлична можност да се споделат искуства .
Оваа е втора организирана работилница по ред од ваков вид, со која идните студенти на факултетот се едуцираат дека угостителството е комплексна работа.После работилниците беше изведена и театарска претстава.

Неда Маретиќ
http://www.tera.mk/index.php/vesti/ritamot-na-gradot/79688-edukativni-rabotilnici-za-vino-vo-intimen-teatar