Tера.ТВ: Трпеза филм фестивал во Битола

Трпеза филм фестивал во Битола
21/12/15
Во организација на Слоу Фуд Битола и Слоу Фуд Млади Македонија во Битола се одржа второто издание на фестивалот за филмови за храна, оваа година во зимски амбиент, заедно со овогодинешната прослава на Тера Мадре денот, кој Слоу Фуд го слави ширум светот, меѓу локалните заедници.
Симболиката на овој ден каде што сите производители, активисти на Слоу Фуд, експерти, готвачи, се собираат заедно, е културен настан и шанса за размена на идеи и ставови. Производството и подготовката, но пред се ужувањето во неа има посебна општествена и социјална вредност, а собирањето околу ТРПЕЗАТА од дамнина претставува врвен семеен културен настан и прилика за размена на идеи и ставови што е добра храна.
Оваа година фестивалот се одржуваше два дена.
Освен овие теми се разговараше и за губењето на пчелите и локалните семиња, глобализацијата на производството и пазарот на вино, здравствените проблеми на консументите, злоупотреба на животните и нерамноправниот пристап на глобалниот пазар.Вториот ден присутните имаа можност да дегустираат различни видови мед и да поразговараат околу тоа колку е истиот важен за секојдневната исхрана.

Целта на ТФФ е едноставна: едукација на луѓето преку филмот за храна, да почнат да размислуваат многу посуштински за храната и изборите кои секојдневно ги прават за себе, но и за планетата.
Разновидната програма на фестивалот покрај проекции на филмови понуди и музика. Успешниот концепт на After Film Party од првото издание, овој пат се одржа во старата чаршија, во Бар Чаршија, каде за музиката беше задолжен Dj Shishman.
Извор: www.tera.mk