Јадете Помалку Месо


За да се произведе еден килограм месо, во атмосферата се ослободуваат 36.4 килограми CO2 и се потребни 15.500 литри вода и 7 килограми сточна храна. Глобално гледано, земјите од југот произведуваат соја и пченка за да обезбедат евтина сточна храна за развиените сточарски фарми во земјите од северот. Фактите зборуваат за себе: кога и останатите жители на Планетата би јаделе исто количество на месо како и жителите од Западот, тоа ниво на потрошувачка би било неодржливо. На пример, замислете само доколку жителите од Кина, Индија и Бразил почнат да консумираат толкаво количество на месо колку и жителите од западните земји, целата земјишна површина нема да биде доволна за да се прехрани толку добиток. Во индустриските животински фарми, животните се збиени заедно и немаат никаква слобода да се движат, да се пуштаат на испаша или парење. Телињата се колат на возраст од само 6 месеци, забрзано товени со високо протеинска храна се со цел да се постигне поголем профит за пократок временски период и што е можно поевтино, без притоа да се обрне внимание на квалитетот, благосостојбата на животните и здравствената заштита.

Решение?
Не треба да станете вегетаријанци,единствено што треба да направите еда консумирате помалку месо со добар квалитет кое потекнува од одржливи фарми и доколку е можно од локални раси. За да го избегнете загадувањето истотака пожелно е да им дадете предност на месните производи кои се произведени од фарми со затворени циклуси, кои шталскиот отпад го користат како ѓубриво.

Интензивно сточарство
Интензивното сточарство користи прекумерно количество на вода. На следната табела се прикажани количествата на вода кои се користат за производство на 1 килограм храна.

Што и се случува…

… на животната средина

Според ФАО, добитокот произведува 18 проценти од “стакленичките гасови” кои ја задржуваат топлината во атмосферата и со тоа предизвикуваат:
-топење на мразот во поларните предели;
-зголемување на морското ниво;
-природни катастрофи како што се поплави и бури;
-намалување на озонската обвивка;
-закиселување на океаните;
-константно зголемување на пустинските површини.

… на луѓето
-поголема отпорност на антибиотици;
-појава на нови човечки, особено вирусни болести (пр. епидемии на грип);
-оштетувања кои се направени од загадувањето;
-недостаток на земјишна површина за производство на храна за човекот изголемување на земјишните површини за производство на добиточна храна;
-осиромашување на луѓето чија егзистенција зависи од земјоделството како резултат на нарушувањето на климатскиот баланс (сушни и влажни периоди);
-зачестена појава на болести кои се поврзани со прекумерното консумирањена животински масти и протеини (кардиоваскуларни заболувања, рак, дијабетес, покачен крвен притисок, прекумерна тежина).

Добри практики и совети кога купувате
-вашата исхрана нека се базира на зеленчук кој може да го замени месото (пред се мешункаст зеленчук);
-консумирајте помалку, но поквалитетно месо, кое не потекнува одинтензивните фарми;
-вашиот избор на месо нека биде различен од различни животни и раси, обидете се да купувате што повеќе алтернативно месо (од селските фарми, дивеч, јагнешко) и купувајте помалку познати парчиња на месо од трупот;
-обрнувајте внимание на цените, екстремно ниските цени се најчесто индикатори за експлоатирани животни и/или животна средина;
-дајте им предност на месо добиено од животни кои ги одгледуваат здруженија на фармери, кооперативи и сите оние кои се придржуваат кон строгите регулативи за исхрана и благосостојба на животните и кои обезбедуваат јасни информации за потеклото;
-јадете месо од животни кои се одгледувани и заклани во локалните области, односно одгледувани од мали локални фармери кои одличноги познаваат локалните раси;
-обрнете посебно внимание на количеството на масти, бидејќи тие се индикатори за благосостојбата на животните;
-внимателно читајте ги декларациите на етикетите.

Teкстот е позајмен од Слоу Фуд водичот: „Кога купуваш, мисли со главата“ ЕССЕДРА проект (2014)