365: К`цана сол

Прес преглед365: К`цана сол

Сподели

Семејната традиција на подготвување кцана сол во фамилијата Доневски од селото Шлегово се практикува неколку колена наназад. Кцаната сол е всушност готварска тајна на безмалку секое кратовско семејство. Некој става нешто плус, некој вади нешто од основниот рецепт и добива свој „бренд“. Тајната е велат во автохтоните семиња на тревките што ги поседуваат со векови. И во бербата. Секоја тревка се сече со дрвени ножици и со дрвен нож. Само така може да се задржат хемиските состави што ги поседуваат. Семејството Доневски вели дека странските гости особено „полудуваат“ по „пета“. Тоа е леб од фурна, попрскан со масло и ишарен со кцана сол. Кцаната сол може да ја употребувате самостојно, но и како зачин во некои варени јадења.

Потребни состојки: Румуруска (зрнасто растение), везенка пиперка, нане, ноктец, мајчина душица, чубрица, морска сол и уште неколку вида зачини…

Подготовка: Сите состојки (во ним само познато количество) се берат, се просеваат и се печат. Интересно е дека секоја тревка посебно се пече и тоа пополека, сè додека сосема не се исуши. Потоа сите состојки, вклучувајќи го и зрното и морската сол, се ставаат и се кцаат со ќускија во камен или во дрвен дибек, додека не станат како брашно. Топло лепче „пета“ извадено од фурна, мацнато во кцана сол, искомбинирано со домашно сирење и кромидче…незаборавно доживување.

Македонија на саем за традиционална храна “Салон дел густо” во Торино се претстави со рекордни 22 проиозводи. Производите беа дел од т.н. Арка на вкусови, посебен изложбен дел на саемот во вид на арката на Ное, заедно со сите останати автохтони производи од целиот свет. Се претстави со циронки од Преспа, планински чај од Галичица, автохтона сорта на калинки од Валандово, кцана и афионова сол, симит погача од Скопје, охридски геврек, леб од наут (наутлија), јуфки, тарана, маџун, оцет од киселици (зелени јаболка), мед од македонската автохтона пчела, буковска пипер, рчели слатко од тиква, собра гравче, колешински кикиритки, гроздов сок, чили малиуџано, слатко од диви смокви Во светот досега се мапирани 10.000 автохтони производи од кои во Македонија 55.

http://www.365.4d.mk/event/1612/2/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...