7 дена.мк : Еуфорично, распеано и оптимистично – Заврши „Тера Мадре“ во Торино

Развиорени знамиња од 150 земји учеснички, претставници на „Слоу фуд“ од целиот свет, симболично, со прошетка низ делот наречен Лингото, го завршија 12. издание на „Тера Мадре“. Најпознатиот и најпопуларниот гастрономски фестивал на светот, уште еднаш ја потенцира важноста на храната, сметајќи ја за важен дел од културата и идентитетот на една земја.

До длабоко во ноќта маршираа и се журкаа претставниците на „Тера Мадре“, ечеа звуците од сите делови на светот. Чиста егзотика што се сплоти преку храната, и во тоа име се разменуваа пакетчињата со разно разни деликатеси. Се разбира, и ние бевме дел од случувањето што го спои светот – Македонија одамна е дел од глобалната гастрономска мапа. Ариведерчи, до следната дружба.

Објавено на: 24/09/2018
Медиум: https://7dena.mk/