7 ДЕНА: Утре во Битола: Боемски вински салон

Прес преглед7 ДЕНА: Утре во Битола: Боемски вински салон

Сподели

12/12/2019

Ако сте поборник на девизата дека „Наутро виното е олово, напладне – сребро, а во текот на ноќта – злато“ еве идеална прилика : „да се позлатите“.

Имено, утре (13 декември) во најопеаниот град во земјата, Битола, од 15 до 22 часот, во холот на Народен театар, ќе се одржи второто издание на „Боемски вински салон“. Виното повторно го има главниот збор- и поради долгите реченици, и поради вистината и поради животот!

„Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни понудат дегустација на вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион, да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина- велат од Слоу фуд Битола.

Сите што минатата година биле присутни на овој вински салон, велат, настанот е како создаден за почетокот на викендот, и дека не треба да се пропушти.

На „Боемски вински салон“ ќе се претстават преку 20 производители со 80 етикети на вино а организатор на салонот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Битола Горска вода и Народен театар Битола.

Повелете боеми, да го славиме животот!

Автор: Вања Тодоровска

Портал: www.7dena.mk

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...