7ДЕНА.МК: „Слоу Фуд Македонија“ во Италија: Целиот свет на „Тера Мадре“ во Торино

Прес преглед7ДЕНА.МК: „Слоу Фуд Македонија“ во Италија: Целиот свет на „Тера Мадре“ во...

Сподели

Најважен меѓународен настан посветен на културата, начинот и производството на добра и чиста храна, денеска се случува во Торино, Италија: станува збор за репрезентативниот „Тера Мадре Салоне дел Густо 2018“,  каде врие како во кошница и буквално имате чувство дека целиот свет го зборува јазикот на слоу-фуд. За масовната посетеност сведочат и бројките: присутни се 7000 делегати од 160 земји, тука се и 900 излагачи, 500 заедници на храна од мрежата на Тера Мадре…

Terra Madre или Мајка Земја е конференција на мрежите што се одржува на секои  две  години во Торино а на овај интернационален настан, членовите на различните заедници се среќаваат, разменуваат гледишта, дебатираат, презентираат автентични производи, ги решаваат заедничките проблеми…

Можат да се слушнат најразличните јазици на светот: шарено е , весело, миризливо, тука се одгледувачите на овошје од Калифорнија и Перу, рибарите од Холандија и Кореа, сточарите од Кениа и Сибир…

„Храна за промена“ е тема водилка  низ ова 12.издание на Манифестацијата посветена на добра и чиста, храна што може да се нарече строга револуција. Добра – бидејќи е здрава, покрај тоа што е вкусна, чиста-бидјеќи е произведена со мало влијание по животната средина, и правична храна, бидејќи претставува почит за работата на оние кои ја произведуваат, преработуваат и дистрибуираат.

Инаку, на Тера Мадре, по шести пат Слоу Фуд Македонија ќе ги презентира производите и храната од ова поднебје. За таа цел, делегација од 70 луѓе ќе учествува на настанот, земајќи активно учество на конференциите и темите поврзани со работата. На настанот ќе се дегустираат и продаваат производите од „Македонските Слоу Фуд Президиуми“ а нашите готвачи ќе подготвуваат и презентираат  македонски специјалитети кои се каталогизирани во светскиот каталог „Арка на вкусови“.

Во рамките на работилниците за вкус  организирана е работилница за Балканските вина, произведени од автохтони сорти на грозје, а ќе се презентира и дегустира „Станушината“ на малата винарница „Наумчеви“ и „Вранецот“ на „Шато-Камник“.

За членовите на Слоу Фуд  од Македонија за време на престојот ќе се организираат и неколку екскурзии со посета на седиштето  на Слоу Фуд и Универзитетот за гастрономски науки во Полензо, како и винска тура низ регионот Пиедмонт.

За крај, да потсетиме: татковината на Слоу  фуд е Италија, зачетоците се од 1986 година и целата приказна  беше логичен одговор  на фаст-фуд начинот на исхраната.

Денес Слоу Фуд брои повеќе од 100 000 членови и има најмалку еден милион поддржувачи. „Ние сме она што го јадеме“ има за цел да ги сочува традиционалните вредности, купување од локални продавачи и уживање во целиот процес. На тоа е втемелена и големата популарност на оваа глобална организација, чии членови, повеќе од милион активисти, се со најразлични професии- готвачи,стручњаци, фармери, академици, рибари, новинари…

Објавено на: 20/09/2018
Медиум: https://7dena.mk/

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...