…станeте дел од растечкото движење, кое го променува начинот на кој се храниме, со нашите колективни избори и акции можеме да влијаеме на големите промени во начинот на кој се одгледува и произведува храната.

  • Придружете ни се како член … вклучете се во локалните активности и настани, заедно да создадеме подобар систем на храна во нашата локална заедница, исто како многу други истомисленици ширум светот. Со Вашата годишна претплата го помагате фондот на многу меѓународни и локални активности, а истовремено членството Ви нуди голем број на привилегии.

Корените на нашата основна мрежа, секој член на Слоу Фуд е од суштинско значење на нашето движење. Со приклучувањето на Слоу Фуд вие:

  • Се приклучувате на меѓународната мрежа на истомисленици – од жители на село во Мексико и  француските готвачи до монголските овчари,  професорите од Беркли  и  италијанските производители на вино – сите работат кон заеднички цели.
  • Ги поддржувате нашите проекти – вашата чланарина ќе ги поддржи нашите проекти низ целиот свет.
  • Доколку сакате  активно членство– помогнете во организирање на настани и кампањи, приклучете се  во локалните, националните и меѓународните активности: битедете волонтери во Слоу Фуд движењето. Контактирајте го вашиот локален огранок да дознаете како можете да помогнете.