Потенцијали за зачувување, одржување и промоција на агробиодиверзитетот!

Оваа недела, во следните денови 22, 23 и 24 септември ќе се одржи онлајн конференција на тема агробиодиверзитет, неговите потенцијали, начини на одржување и промоција.

На конференцијата активно учество ќе земат истакнати професори од Факултетот за земјоделски науки и храна , Скопје, Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев како и претставници од Ген Банката од Земјоделскиот Институт во Скопје.  Посебен ден активно ќе биде вклучен и невладиниот сектор чиј предмет од интерест е истата тема.

 Слоу Фуд Македонија ќе го отвори последниот ден со презентација на Биљана Митреска на темата Агробиодиверзитет низ призмата на Слоу Фуд каде што ќе се нагласат активностите на  кои Слоу Фуд посветено работи  за заштита на биодиверзитетот како и неговата огромна важност за работата на Слоу Фуд. Имено до сега Слоу Фуд преку својата Фондација за биодиверзитет има потикнато голем број на активности со цел заштита на преостанатите сорти, раси и технологии.

Една од најважните алатки е Арката на вкусови која претставува каталог каде што се мапираат сите раси, сорти и технологии кои се важни од аспект на генетската вредност на растителниот и животинскиот свет, но и културиот и традиционалниот аспект кој што обединуваат одредени заедници или нации. Понатаму ќе се истакне значењето на Президиумите, проекти преку  кои се заштитени бројни генетски ресурси и  традиции, преку здружување и поддршка на производителите кои се потикнуваат на најразлични начини да ја одржат пренесат на следните генерации. Истовремено неопходно е да се спомне важноста на биодиверзитетот во улогата при борбата со климатските промени и целината на екосистемите.

Три дена предавања, презентации и дискусии на тема агробиодиверзитет ©Aјде Македонија

Целиот настан е инспириран од учесниците, кои претходно одржаа онлајн вебинар за поврзаноста биодиверзитетот со климатските промени, каде еден од заклучоците беше дека треба се повеќе да се актуелизира темата и да се здружат напорите на науката и граѓанскиот сектор.

Оваа конференција е организирана од здружението за донирање на храна „Ајде Македонија“ во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија. Целта на конференцијата е подигнување на јавната свест за значењето на растителниот агробиодиверзитет, автохтоните сорти и како наше „културно богатство“  Понатаму идејата е на конференцијата е да се вклучат сите засегнати страни кои придонесуваат за вреднување на прашањето за биодиверзитетот и да се постават трасите за нивна понатамошна соработка. Конференцијата е финансирана од Мировниот Корпус и УСАИД.

Пријавување до 21 септември 2020 на следниот линк

Програма на конференцијата тука.