Претставување на генералната замисла и на проектот „Од нива до маса“ како и размена на искустава и идеи беа во фокус на денешната средба помеѓу директорот Атанасов и претставници на меѓународната, не-профитна организација Слоу Фуд (Slow food).
Искуствата кажуваат дека странските експерти и професори од областа на здравата храна, земјоделството и технологиите на производство се пријатно изненадени од потенцијалот на домашното тло, особено од автохтоните млечни специјалитети. Ставот на директорот Зоран Атанасов е дека настарана од масовното производство, на пазарот треба да бидеме конкуретнтни со наши, домашни и екслкузивни производи. Ќе се поттикнува традиционалното произвoдство како и формирањето регистри на производи, посочи тој.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на пласманот на здрава и традиционална храна, размислува да се воспостави западниот систем, поточно развојот на идеите да почнува од ниво на факултети и научни институции, да продолжи до надлежните институции и ресорни министерства кои дополнително треба да се зајакнат со експерти од бараните области доколку е тоа потребно и преку ангажирање на outsourcing и visiting експерти од странство за конечно да се овозможи следливост и да се оди кон спроведување на идеите. За жал, честопати и самите производители во Македонија, дури и они кои имаат соодветни објекти не знаат за сите опции кои ги имаат на располагање, особено што се однесува до извозот и пласманот на странските пазари.
Слоу фуд ја најавија листата на традиционални прозиводи на која ќе се работи како и рецептурите кои ќе се применат. Агенцијата за храна и ветеринарство пак, како една од најважните и најангажирани институции во државата во областа на традиционалното производство и пласман како на земјоделски, така и на гастрономски прозиводи ќе земе учество на Terra Madre Balkans, овој месец во Брисел каде ќе се разгледуваат сите законски акти кои го тангираат традиционалното производство на ниво на балканските држави.
Објавено на: 18/05/2018
Медиум: http://fva.gov.mk/
