Апла.мк: Нутриционист ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како се меси леб на „Пазарот на локални производи“ во Битола

Прес прегледАпла.мк: Нутриционист ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како...

Сподели

Емилија Недановска, нутриционист, ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како се меси леб. Денеска, на третиот по ред „Пазар на локални производи“ што се одржа во Новиот пазар во Битола, повторно се собраа на едно место произведувачи на органска храна и потрошувачи кои сакаат да купуваат чисти органско произведени земјоделски производи и здраво да се хранат.

-Најбитното е да се едуцираат најмладите да се хранат со зеленчук и овошје, тоа е неопходно за правилен раст и развој на децата. Од друга страна ги учиме како се подготвува лебот. Односно ги учиме децата на она што е наша филозофија, да се конзумира локална и здрава храна  без пестициди, рече нутриционистот Недановска.

Настанот беше во организација на „Слоу Фуд-Битола“ и „Слоу Фуд -Македонија“ а во соработка со „ЈП Пазари“-Битола. На него учество зедоа петнаесетмина производители од Битола, Кочани, Ресен и други градови.

-Овај проект е поддржан од Општина Битола и од ЈП „Пазари“- Битола, а целта ни е во овај есенски период да воспоставиме традиција на организирање на пазар на фармери. Со досегашната соработка меѓу производителите и купувачите, гледаме тие не се познаваат доволно. Едните се жалат дека немаат пласман на нивните производи, а конзументите генерално немаат пристап до поинаква храна од онаа што ја има во супермаркетите и затоа наша е цел е да се промовираат малите локални производители. Тука сме да ги споиме производителите и конзументите, рече Николче Николовски претседател на националниот одбор на „Слоу Фуд-Македонија“.

Објавено на: 20/10/2018
Медиум: https://apla.mk/

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...