АРТ КУЈНА: Арткујна специјално од Торино: Сите кујни на светот под еден покрив

Прес прегледАРТ КУЈНА: Арткујна специјално од Торино: Сите кујни на светот под еден...

Сподели

Пет илјади делегати од сите страни на светот, вклучувајќи ја и Македонија стасаа во Торино кадешто денеска почна најголемиот саем за храна „Тера Мадре“ во организација на Слоу Фуд.

Делегации од 160 земји од светот, сите убави, среќни и насмеани, од денеска, па во следните 4  денови, се под ист покрив, распослани секој со своите производи карактеристични за својот регион и култура, сите горди на своите. Меѓу нив и претставниците од Македонија.

Над сите очекувања на некој кој е првпат  на овој светски гала настан, Тера мадре 2018, најголемиот саем на храна  во светот во Торино, иако се уште не со полна пареа, полека се забревтува и веќе создава чувство дека нема да се стаса да се види се.

А под се, подразбираме  навистина се што можете, но многу повеќе се што не можете да си замислите дека постои  на светов кога станува збор за храна.

Делегациите од 160 земји во светот се толку живописни заедно со своите локални производи кои полека ги редат на своите штандови, што едноставно фасцинираат и ве оставаат со подотворена уста. Африка, Азија, Европа, различни континенти, различни држави, различни раси и разни луѓе и производи. Секој со своите специфични производи карактеристични за својот регион и култура, сите горди на своите и сите убави, среќни и насмеани со полна уста вкусови, полн нос мириси, а најмногу од се, полни очи со најразлични бои и облици. Најполни се очите  затоа што дефенитивно, и покрај сета желба и љубопитност, едноставно немате доволно место во желудникот за да пробате од се. Но пред нас и пред сите на овај прекрасен настан се полни четири дена па веројатно ќе можеме да пренесеме колку што може повеќе од сето она што ќе го видиме и вкусиме.

Се разбира, тука е и  делегацијата од Македонија која ќе се претстави со неколку конвивиуми, а нашите производители и претставниците од Слоу Фуд Македонија на чело со нејзиниот претседател Николче Николовски ќе бидат дел и од неколку форуми на кои ќе зборуваат за македонските автентични производи.

Во овај лавиринт од штандови, во огромниот простор на Лингото саемот и буквално можете да се изгубите одејќи од штанд до штанд, а сето она што го пробувате, ве фрла од еден на друг крај од светот. Најголем простор на саемот, цела една сала е секако наменета за домаќините кои кога станува збор за тврдите сирења, пршутот, тестенините и можеби најубавиот леб на светот, и покрај многу поегзотичните производи на останатите штандови, не ве оставаат рамнодушни, и секако не дозволуваат оттаму да си заминете гладни.

Специјално од Торино, текст: Драгица Христова

Објавено на: 20/09/2018
Медиум: https://artkujna.mk/

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...