Арт кујна: Луѓе во сите бои на завршното дефиле на Тера Мадре

Последната вечер, пред крајот на најголемиот саем на храната во Торино, сите учесници и членови на делегациите од 150 земји на светот дефилираа заедно веејќи ги знамињата на своите држави и симболично си разменија пакетчиња со храна. Меѓу нив и македонската делегација.

Вечерта пред последниот ден од одржувањето на Тера Мадре, најголемиот фестивал на храната во Торино, се одржа и големото дефиле, најшарениот и највпечатливиот настан во рамките на фестивалот.

Река народ, сите претставници, делегати и учесници на Тера Мадре, во сите бои на светот, чекореа заедно веејќи ги знамињата на своите држави и симболично си разменија пакетчиња со храна. Меѓу нив и македонската делегација.

Дефилето се одвиваше во околината на местото на одржување на настанот, саемот Лингото.

Објавено на: 24/09/2018
Медиум: https://artkujna.mk/