Арт.кујна: На ѓурѓовденски ручек во Кратово, на манастирски – во Лесново

Прес прегледАрт.кујна: На ѓурѓовденски ручек во Кратово, на манастирски – во Лесново

Сподели

Стевче Доневски пред неколку години беше номиниран за наградата Најдобар промотор на Македонија. За него веќе пишувавме и беше дел од нашата репортажа за Кратово, конкретно за кцана сол од Кратово која ја произведува токму тој. Тој беше и едно од заштитните лица на Аргета на македонски начин, поточно, Аргета на Осоговски начин, а заедно со својата етно куќа Шанчева е дел од Слоу Фуд Македонија. Тој е човек за се. На секој турист или гостин кој пристигнува во Кратово му обезбедува кралски пречек и не ја пропушта шансата да го промовира својот роден град.

Но Стевче не би бил Стевче чие гостопримство не се заборава, ако до него не е неговата сопруга и нашата прекрасна домаќинка Валентина.

Од нејзиното лепче кое го меси во различни варијанти, бело, црно, ржано, со сода бикарбона, наместо со прашок за пециво, па мекиците за Ѓурѓовден и преубавиот ѓурѓовденски ручек – тава ориз со јагнешко, потпечени лути пиперчиња и на крајот, по две парчиња од две различни торти, прекрасниот појадок – домашни јуфки направени во рерна и слаткото од зелени смокви,…но и кротката насмевка, и шегите на сметка на Стевче, го направија овој ѓурѓовденски викенд посебно доживување.

Оттука, следејќи ги инструкциите од Стевче стасавме и во Лесновскиот манастир кадешто го доживеавме и уживавме во манастирскиот ручек со кој се гоштеваат околу 500 верници секоја недела по литургијата.

Помеѓу другото, причина за големата посетеност на верниците се и чудата што се случуват во овој манастир кадешто шестгодишно девојче прозборело, а пред околу две години девојче од Кочани цврсто застанало на нозе, иако докторите веќе кренале раце од него, откако заедно со своите родители го посетило Лесновскиот манастир.

Имено, Лесново е домот на чудотворите со исто име, Гаврил. Добродете­и од различни времиња. За чудата на Гаврил Лесновски и на Гаврил Велички многумина знаат. Но, тоа што е најваж­о е дека и двајцата биле скромни и Божји луѓе, кои за своите дела никогаш не говореле. Канонизацијата на епископот Гаврил Велички, кој сѐ до кра­от на минатиот век го раководел црковниот живот во едно од најстар­те села во земјата е во тек и тој ќе биде прогласен за светец на 28.мај.

Месното население кое живее во близина на Лесновскиот манастир раскажува дека организирани туристички групи доаѓаат од целиот Балкан и Европа за да го посетат ова големо духовно светилиште од каде се ширела словенската писменост, а до 40-те години на 19 век овде се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот. Тука, на гробот на Св.Гаврил Лесновски многу страдалници се молат и бараат помош за својата мака.

А ручекот? Ако очекувавте нешто спектакуларно и егзотично, се лажете, за ручек имаше зелка и „витаминска“ салата со домашен леб и обична вода. Вкусот? Незаборавен! Затоа што, како што рече и една од верничките на трпезата, леб и сол да ти дадат, во манастир се е слатко!

Вториот ден од ѓурѓовденскиот викенд, во најбујниот зелен мај последниве десетина години во Осоговијата, на заминување за Скопје, ни истури дожд и град, но сепак, застанавме да ги сликаме штрковите кои годинава после многу години, се вратија во Злетово.

Објавено на: 08/05/2017
Медиум: https://artkujna.mk/

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...