Арт кујна: Пекорино, пармезан и пршут наместо амброзија, вино и крафт пива наместо нектар

Најубавите кашкавали со најразлични вкусови, салати, пршути, пецива, тестенини,сосови, тиквички, модри патлиџани и јапонски јаболка во маслиново масло, рижото со шафран и со други најнеочекувани додатоци …кој дошол на Тера Мадре со 50 килограми, си оди со 55, а оние од 100, тераат и до 150.

Последниот ден на Тера Мадре, ден за шопинг на се што сте стасале да пробате и да не пробате, како обид да понесете со себе барем некое делче од сите вкусови и мириси што сте ги впиле на најголемиот саем за храна на светот во Торино.

Пекорино, пармезан, најубавите маслинови масла, шери домати, лазањи, пиви,тестенини со мастило од сипа и други „перверзии“, пршути, мортадели, колбаси со тартуфи, со триста марифети и состојки кои во овие комбинации никогаш не сте се ни сетиле да ги пробате. И сето тоа сконцентрирано на еден голем простор- во Лингото.

Италјански, африкански, азијски, мексикански, индиски, од сите континенти и од сите страни на светот… сите заедно ги разменуваат меѓу себе најдобрите производи од своите земји и со насмевка се збогуваат до некое следно видување, можеби повторно тука, на Тера Мадре 2020.

И, за крај пораката испратена од тука: Храна наместо бомби!

Објавено на: 24/09/2018
Медиум: https://artkujna.mk/