Балканците протагонисти на Салонот за вкусот и Тера Мадре

Повеќе од 180 м2 на ,,Салонот за вкусот” и ,,Тера Мадре” саемот се посветени на Балканот каде што производи од повеќе од 50 заедници на храна и ,,Слоу Фуд Президиуми” ќе бидат на продажба.

Просторот е поделен во четири оддели со цел да се дознае повеќе за биодиверзитетот на регионот: традиционални и планински сирења, обработени овошја и зеленчук, вина и билки,

планински (високо планински) сирења.

Балканот од секогаш е подрачје погодно за преселба на животните на бачила. Многу животни, претежно овци, мигрираа некогаш од Црното Море кон Егејското Море и Медитеранот. Денес последните чувари на оваа античка традиција се овчарите и мандраџиите кои што сеуште произведуваат сирења на планинските бачила, во прекрасна и чиста животна средина.

,,Салонот на вкусот” и ,,Тера Мадре”, ја даваат оваа можност да се сретнете со оние што сеуште ја чуваат оваа традиција да постои. 

Во Маркетплаце посетителите ќе можат да најдат: ,,Бучеги Планинско Бранза”, ,,Президиумот од Романија”, ,,Бугарското Черни Вит Зелено Сирење”, ,,Сирењата од планинските пасишта во Мавровско-Реканскиот Регион”, ,,Бело Сирење од Србија” и ,,Президиумот на Каракачанската овца”.

Вина и алкохолни пијалоци. Раки во Турција, Раки во Албанија, Ракија за словенските народи: ова име е заедничко за широка палета на алкохолни пијалоци во регионот, од Анатолија па се до Далмација. Ова е симбол за заедничко дружење, секој има свој производител, пријател или роднина што ја произведува на традиционален начин на село. Различни варијанти од овој алкохол, од Албанија па се до Гледич ракија од Србија ќе се најдат за време на Салонот за вкусот и Тера Мадре за дегустација. Посетителите ќе можат да ги пробаат и различните Балкански Вина: „Херцеговина Вино“ од Босна, „Калмет“ од Албанија и „Плавац Мали“ од Хрватска.

Билки и медицински тревки. Балканот крие исклучително знаење во врска со медицински тревки и диви билки. Ова е првенствено благодарение на улогата за жената, чувар на биодиверзитетот во регионот. Маркетплаце нуди можност за посетителите да се запознаат со бугарските собирачи на природни билки од Ќустендил и да научат нешто повеќе во врска со природните билки од Островот Уније од Хрватска.

Обработени овошја. Балканските земји се дом за најдобрите слатка, компоти и презервирање на овошја, познати на светско ниво. Ова благодарение на биодиверзитетот и од не загадените шуми и пасишта како и од многуте терени погодни за одледување на различни дрва на овошки. Можност да дознаете повеќе во врска со традиционалното слатко дирекно од производителите на ,,Работилницата за вкусови” од Албанските Ричес што ќе ги претстават: ,,Босанското Позегача слатко” и ,,Македонското слатко од дива смоква”, двете слатка, Слоу Фуд Президиуми.

На саемот во 2012 еден изложбен простор е посветен и на производителите и производите од шесте ,,Earth Markets” од кои два од Балканскиот Регион: Тцерни Вир (Бугарија) и Фоча (Турција).

Посетителите ќе можат да дознаат повеќе во врска со овој проект, да дегустираат и да купат многубројни традиционални производи како и да научат да се намали растојанието помеѓу производителите и ко-производителите.

Балканската мрежа на ,,Слоу Фуд Заедници” се среќава на ,,Тера Мадре Балканот” во Софија, Бугарија од 29 Јуни до 1 Јули . Мрежата ќе се состане за да се разговара заеднички за Заедничката Земјоделска Политика на ЕУ и за можностите и предизвиците за малите производители од ЕУ или надвор од ЕУ во регионот. Повеќе од 150 делегати од 10 земји ќе присуствуваат на средби, тркалезни маси, ,,Eat-ins” и пазари каде што ќе се покаже најдоброто од регионот.

,,Слоу Фуд” и ,,Тера Мадре” се длабоко вкоренети во регионот и веќе бројката достигна повеќе од 1500 Слоу Фуд членови, 11 Слоу Фуд Президиуми, 60 Тера Мадре заедници на храна, 15 програми за храна и едукација во училиштата и 25 готвачи членови.

Прочитајте ја програмата и купете билет за настанот:
www.salonedelgustoterramadre.slowfood.com/eventi.plp?pagina=laboratori_del_gusto

Пред продажба на билети за влез може да се најдат на следниот линк:
www.salonedelgustoterramadre.slowfood.com