Бар Код Магазин: Fast Food Vs. Slow Food

ХРАНАТА е Универзален јазик на кој ние често комуницираме, но секоја единка го толкува индивидуално водејќи се од своите животни нагони и потреби. Сето тоа звучи сосема природно и се би било во ред ако во приказната не е вклучен глобалниот медиумски механизам кој најчесто го диктира начинот на живеење а следствено на тоа и нагоните и потребите.
Ако се навратиме уште на почетоците на човекот, ќе заклучиме дека со текот на времето храната еволутивно се модифицирала диктирано од животните потреби, поминувајки фази на истражување и експериментирање и се претворила во феномен кој е од огромно значење за социјалниот живот на луѓето. Денес овој Феномен е присутен во сите пори на модерното, но и традиционалното живење.
Како што реков – храната или оброкот е концепт, поточно ритуал кој ги социјализира лугето и ги обединува за неговото времетраење. Овој концепт на ритуално собирање околу “трпезата” е посебно изразен на Балканот и Медитеранот, а тоа значи и кај нас. Да се присетиме (затоа што полека забораваме) дека до пред дваесетина години ручекот ни беше централниот дел од денот, кога сите се собиравме на готвена храна од свежи намирници- (во која главна улога играа нашите мајки или баби) внимателно конципирана и разнолика во текот на неделата.
Сето ова го потенцирам за да дојдам до поентата. Ќе почнам глобално – Овој брилијантен концепт полека исчезнува!

Динамиката на животот и потрагата по подобра заработувачка или подобро утре си го направија своето, се почесто се конзумира БРЗА ХРАНА која иако си има свои предности има многу повеЌе недостатоци.
Кон крајот на триесетите години со комерцијализирањето на автомобилите се јавува еден тренд кој мислам дека е нај “заслужен” за настанувањето на “ЈУНК ФООД”.

Поточно во 1939 година едно момче по име Карл Карчер се доселува во Калифорнија барајки подобра иднина и за скоро време доаѓа до брилијантна (од финансиски аспект) идеја.Во ерата на комерцијализацијата на автомобилите ново печените “фраери” кој купиле нов автомобил речиси не излегувале од него дури и за спиење, па во таквата “трендовска” новонастаната ситуација најдоброто решение било тие да јадат во нивните миленичиња – автомобилите. Карл со својата количка за Хот – Дог излегол на улица да ги задоволи нивните потреби за “модерна исхрана” и за кратко време го отворил првиот “Дриве Ин” ресторан во кој лугето биле послужувани во својот автомобил и тоа од девојки во кратки здолништа и отворени деколтеа.

Вториот бенчмарк е настанокот на познатиот клуб сендвич.Според некој извори тој настанал во коцкарниците на Лас Вегас каде што коцкарите од работа “преку глава” немале време да конзумираат вистинска храна, па така го иновирале сендвичот(“нешто” помегу две лепчиња).

Како и да е, брзата храна е производ на човечките “болни” хирови и полека но сигурно длабоко навлегува во генетскиот код, посебно на Американците а потоа се шири во светот како вирус кој е тешко да се избегне.Секогаш внимавам да не бидам погрешно протолкуван – со сета почит кон внимателно зготвените оброци кој патем личат на сендвичи или се наменети за поткаснување или доручкување. Таков концепт постоел во сите светски кујни “од век и веков” но си имал своја намена во одреден период од денот(а не во текот на целиот ден).
Проблемот се јавува во комерцијализацијата и болната потреба од повеке, каде што почнуваат да се користат неквалитетни и претерано калорични продукти и додатоци кој патем се вкусни(и “заразни”) но со претерана конзумација, опасни за здравјето.
Следствено на оваа ситуација во 1986 година се појавува едно движење, поточно друга алтернатива која ке биде(или била проектирана да биде) своевидна против тежа на Фаст Фоод феноменот.
Извесен Карло Петрини го основа здружението “Арчигола”, поточно асоцијација, која се заснова на претходно осмислена филозофија која е неминовна за да одржува баланс на движењето кое земало грандиозен замав.

Слоу Фуд – во суштина е добро осмислен концепт кој има поголема тежина и цел од широко прифатената – против тежа на Фаст Фуд.  Движењето почнало од група ентузијасти во Пиедмонт- Италија на кој основната цел покрај здравата храна им било, подржување на локалната традиционална кујна, охрабрување за локалните земјоделци да садат билки и семиња во чиста околина и заштита на еко системот како основа за здравото живеење. Сепак тоа бил само почеток кој бил незабележителен, но по три години движењето зема поголем интернационален замав. Во 1989 година се официјализира во Париз и тоа со членови од 15 европски земји, а во првичната агенда стои дека тие не се против рестораните кој приготвуваат брза храна туку против глобалните и ненаситни бизнис интереси кој го водат општеството во погрешен правец. Денес Слоу Фуд групацијата обединува 110 000 активни членови во 153 земји од целиот свет,а нивната Филозофија еволуирала во високо свесна теорија на модерното живеењето, која вклучува многу сегменти, поточно денес движењето стои на крстопат помегу екологијата и гастрономијата, или уште подобро кажано помеѓу етиката и задоволството. Исто така се противи на стандардизацијата и индустријализацијата на вкусот од страна на мултинационалните индустрии за храна.
Секој има фундаментално право да ужива во добрата храна, но во исто време сноси одговорност за заштита на културното наследство на храната, и добродетите на целата планета од еколошки аспект.
Значи во кратки црти – Слоу Фуд е филозофија на здрава исхрана која покрај тоа вклучува и грижа и одговорност кон екологијата, животинскиот свет, и развој на етиката во производството на истата.
Важно е да се потенцира дека полека, но сигурно ова движење се инфилтрира и кај нас. Бенефитите се големи и реално за нас многу повеќе од потребни.
Оваа теорија, филозофија или движење може идеално да одговори на нашите недостатоци во сите сфери:
Прво, враќање на корените каде што сме имале здрава и сезонска исхрана.
Потикнување на локалните земјоделци да одгледуваат локални и автохтони сорти и помош при пласманот и нивното презентирање.
Едукација во однос на зачувување на чиста животна средина во текот на производството на храната.
Едукација за вистинско презентирање на локалната кујна и нејзините благодети.
Изборот на начинот на исхрана е фундаментално право на секој човек но добро е да се знаат последиците или придобивките од изборот.

Број 26
Пишува: Андреј Киселички

Објавено на: 09/2011
Медиум: Баркод магазин