ЦрноБело.МК: Алекс Пуци (28), Македонка која била дел од кујната на ресторани со Мишелин ѕвезди: „Би сакала да готвам на Оскарите!“

Прес прегледЦрноБело.МК: Алекс Пуци (28), Македонка која била дел од кујната на ресторани...

Сподели

Александра (28) и нејзиниот талент за готвење вистински ремек дела го забележавме на Инстаграм преку нејзиниот профил @alex_pucci_ . Алекс или како што пријателите ја нарекуваат Пуци (заради нејзината кадрава коса) е девојка која подготвува оброци за вистински гурмани и хедонисти кои сакаат да доживеат поинакво искуство со храната, да пробаат нешто ново, а да не мора да одат во странство.

Има работено во некои од најдобрите ресторани кои поседуваат Мишелин ѕвезди и учено од врвни шефови (готвачи).

Со неа поразговаравме за нејзините искуства низ светот, за тоа како изгледа да се биде во кујната на ресторан со Мишелин ѕвезди, за нејзините моментални и идни проекти и секако – за тоа дали можеме да очекуваме нејзино катче некаде во нашава земја каде ќе може со задоволство да пробуваме нови вкусови.

Од каде љубовта кон готвењето? Што беше првото нешто што го зготви и успеа да се воодушевиш себеси?

Отсекогаш сум сакала да се моткам во кујна и да експериментирам нешто. Се сеќавам дека како помала, поточно некаде тинејџерските години сама си ги правев тортите за роденден.

Ми беше мерак да ги декорирам и украсувам. Имав еден период кога почнав да си пишувам блог за рецепти и да си готвам едноставни работи по дома. Подоцна сфатив дека сакам да се подобрам и почнав сѐ повеќе да се едуцирам и да навлегувам во тој свет.

Во моето семејство, нема некој кој професионално се занимава со готвење ама морам да се пофалам дека и мајка ми и татко ми се одлични готвачи. Кога се подготвува нешто дома секој од нас си ги распределува задачите за подготовка на храната и сме прав тим. Уште ресторан ни фали. 😀

Каде стекнуваш нови искуства и го унапредуваш својот талент за готвење?

Многу сакам да патувам и да пробувам и истражувам нови кујни, традиции и состојки од светот. Мислам дека на секој готвач му е потребно тоа. Да ги прошири своите видици и да ја разигра својата палета на вкусови.

Во текот на моите кулинарски авантури оние кои ми се меѓу поважните и подрагите и каде научив многу се во Шведска и Словенија, потоа пократко во Хрватска и Данска како и моето незаборавно кратко живеење во Дубаи и откривањето на светот на зачините и вкусовите од ориентот.

Која земја е кулинарски „рај“ за готвачите?

Кога станува збор за гастрономија и кулинарство ме воодушевува како работат во Скандинавските земји. Особено нивниот стил и иновативност. Секогаш биле напред со трендовите во кулинарскиот свет. Ми се допаѓа нивниот пристап и начин на работа, нивната смиреност и дисциплинираност.

Како изгледа да се биде во кујната на ресторан со Мишелин ѕвездички? Дали навистина се внимава на сè како на филмовите?

Да, навистина е како во филмовите, но не до толку со фрлање чинии во канта или кршење од глава. Но, навистина, притисокот и одговорноста е огромна.

Мораш да бидеш 110 проценти фокусиран посебно кога гостите пристигнуваат затоа што сите тие луѓе допатувале за да ја пробаат храната која ја нуди ресторанот и нема простор за грешка. Посебно во рестораните со повеќе ѕвезди.

Сè мора да биде беспрекорно. Војничка дисциплина, одлични шефови и пред се ментори кои се тука за да ти го покажат начинот до совршена храна, од собирање  и одбирање на најдобрите состојки, начин и техники на подготовка се до совршено сервирање на чинија.

Многу прецизност и челична волја бара оваа работа, и ја обожавам поради тој адреналин кој ти го дава во одредени моменти додека работиш во кујната.

Мишелин рестораните во последните години се повеќе го практикуваат трендот на користење локални и свежи сезонски состојки. Сите состојки внимателно се одбираат и се настојува истите да бидат првокласни и со константен квалитет. Од  зачини, масла, зеленчук и овошје па се до риба, месо и млечни производи. Секаде многу се подржуваат локалните производители, земјоделци и фармери.  

Во текот на моето работење и пракса имав среќа да бидам дел од повеќе ресторани, некаде пократко некаде на подолг временски период, но навистина сум благодарна што имав прилика да се запознаам со многу инспиративни шефови од светот и што успеав да научам многу и да напреднам во полето. 

Од оние кои ми оставиле најголем впечаток би ги споменала Ресторан Frantzen во Стокхлом – Шведска, Ресторан Пелегрини во Хрватска, Хиша Франко во Словенија, Кокериет во Данска.

Колку време е потребно за да се направи совршена торта?

За да ја направам совршената торта многу време поминувам фокусирајќи се на деталите и декорациите кои заедно со подготовката на тортата ми одземаат скоро 2 дена и навистина вреди, посебно кога ќе ги видам среќните и задоволните реакции на клиентите.

Сето тоа ме исполнува и ми дава мотивација и инспирација да продолжам.

Што би зготвила на саканата личност кога би подготвувала совршена вечера?

Многу сакам да готвам и да јадам риба и морска храна. Меѓутоа нашето поднебје има друга приказна и секогаш настојувам да готвам со локални и сезонски состојки.

Немам омилен рецепт, едноставно многу ми е тешко да одберам зошто се ми е интересно, љубопитна сум да пробувам нови работи и за мене храната нема крај и ограничување во однос на комбинации и рецепти.

Кога би зготвила веројатно би била класика некоја кремава паста или ризото. Сигурен погодок. Италијанската храна е секогаш добра идеја за романтична вечера.

Што мора да има во едно совршено подготвено јадење?

Секогаш пред да готвам нешто ги истражувам профилите на состојките кои што би ги комбинирала за да добијам совршен спој на вкусови каде сè би било балансирано.

Зачините и билките ми се секогаш омилени состојки , дали тоа би било шафран или домашна мајчина душичка,  или пак свежи билки  од градината, за мене се еден важен сегмент при создавање на совршено јадење.

Кој шеф (готвач) ти е role model?

За омилен шеф не би можела да издвојам еден конкретно меѓутоа кога би морала да одберам на листата би биле Мауро Колагреко, Даниел Хум, Дан Барбер, Клер Смит и Доминик Крен.

За која позната личност би сакала да зготвиш нешто?

Леле тешко прашање. Не можам да се сетам на некој посебно, ама би било убаво да готвам за познатите на Оскарите. Зошто за еден кога можеш за сите?! Koлку нескромно од моја страна.

Кога би требало да одберам би го поканила писателот Сајмон Синек. Ептен ми е инспиративен и харизматичен лик.

Колку време дневно поминуваш во кујна?

Најчесто цел ден, посебно кога експериментирам нешто или кога работам на тортите, или на нови менија. Но, морам да признаам, дека има денови кога не готвам воопшто и гледам да си најдам некоја друга занимација. Едноставно сметам дека различноста во секојдневните активности резултира со поголема креативност и ефективност.

Некои совети и трикови за да се направи совршена фотка од храна за Инстаграм?

Добра камера, убаво осветлување, убаво дизајнирана и сервирана храна и малку разиграна имагинација и креативност.

Твојот омилен ресторан каде со задоволство сакаш да ја вкусуваш храната?

Во Скопје за жал не можам да се сетам на  некој омилен ресторан, мислам дека сè уште го немам пронајдено, а и ретко јадам надвор.

Највеќе уживам кога ќе си подготвам нешто дома и ќе си отворам некое убаво вино, сама или со пријателите и семејството.  

Раскажи ни нешто повеќе за Secret Suppers, од каде оваа идеја, навистина е уникатна!

Идејата е навистина уникатна и од интересна и по малку мистична природа, бидејќи на гостите не им се открива локацијата на вечерата се до самиот настан. Менито се приготвува однапред и храната се подготвува на местото на настанот. Менијата секогаш ги составувам во однос на сезоната и ги спарувам со селекција на вина од нашите преубави македонски винарии и со локални мали производители на вино.

Носител на идејата е Boho Macedonia. Тие се тим за дизајн на настани кои се предводени од една креативна девојка Сања која е неверојатно талентирана и има навистина интересна визија за она што го работи и креира. Со неа се пронајдовме на иста фрекфенција и не требаше многу за да сфатиме дека сакаме да работиме заедно и да ја започнеме приказната за Тајните Вечери.

Дали можеме да очекуваме твој ресторан во Македонија?

Секако, тоа ми е најголема желба. Идеалната локација веројатно би била малку понастрана од бетонската џунгла. Во некое сокриено градинче или во природа. Покрај постоечките проекти, паралелно работам и на остварување на тој сон. Но полека, никаде не брзам.  

Би било нешто уникатно и една вистинска гастрономска приказна и дестинација што мора да се доживее. Мислам дека ни недостасуваат такви места на кулинарската сцена.

Дали и каде може да се пробаат сега твоите специјалитети?

Периодов работам како приватен готвач на еден мој мал проект кој се нарекува Таble for four. Концепт кој го создадов поради ситуацијата  и поради тоа што би можеле максимум 4 лица да бидат гости и да ја пробаат храната која ја подготвувам и да се запознаат со мојата приказна.

Од средината на месец Декември започнуваме со првото online училиште за готвење во Македонија и часови по кулинарство со поддршка на два големи брендови од областа кои ја препознаа идејата и застанаа позади неа. Возбудени сме за новата приказна и наскоро ќе ја споделиме со јавноста 

Исто така скоро започнав една прекрасна соработка со Slow Food Macedonia каде што заедно работиме на враќање на вредноста на традициите на кулинарската сцена во Македонија, враќање на вкусовите од минатото, готвење со домашни производи и со тоа подржување на локалните производители и користење на сезонските состојки кои ни се достапни.

Планот ми е засега да творам овде и да си продолжам со мојот стил на Fine dining, бидејќи знам дека постојат луѓе, хедонисти и гурмани кои покрај секојдневното сакаат да имаат поинакво искуство со храната. Да имаат такво нешто и дома.

Имаме прекрасни состојки кои имаат неверојатен потенцијал, убаво поднебје и треба да бидеме благодарни што сè уште кај нас доматот има вкус на домат и јаболката кога ќе ги донесеш дома ти ја исполнуваат цела просторија со мирисот. Комбинациите се бесконечни.

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...