Европското земјоделство стигна до ќорсокак. Ден по ден, биолошкиот диверзитет што го одржува системот на храна полека исчезнува – ставајќи ја иднината на нашата храна, нашите животи, здравјето и животната средина под сериозна закана.
Пчелите и останатите инсекти-полинатори играат значајна улога во зачувување на биодиверзитетот и земјоделството. Тие се интегрирачки дел од нашиот систем на храна, започнувајчи од запрашувањето на растенијата, а завршува како вечера на нашите трпези.
Без пчели, голем дел од дивите и култивираните растителни видов повеќе нема да постојат. На пример ФАО и Обединетите Нации предвидуваат дека 71 од 100 растителни видови кои обезбедуваат 90% од храната се опрашени од пчелите.
Со години, Слоу Фуд активно работи да се подигне свесноста на драматичниот пад на глобалната популација на пчели и повикува на забрани за користење на опасните пестициди и уништувањето на биодиверзитетот кој е поврзан со овој пад.
Слоу Фуд се придружува кон кампањата зачувајте ги пчелите и фармерите
Денеска се приклучуваме на иницијативата на Европските Граѓани : Зачувајте ги пчелите и фармерите! ние сме посветени на афирмација на одржливо земјоделство поддржано од пчелите низ Европа.
Иницијативата на Европските Граѓани предводена од PAN Europe, ја повикува Европската Комисија да воведе легални предлози за:
- Отсранување на синтетички пестициди до 2035 година. Да се отстранат синтетичките пестициди од Европското до 80% до 2030, започнувајќи со најопасните и да дојде 100% ослободување од синтетичките пестициди до 2035 година.
- Обновување на биодиверзитетот. Да се обноват природните еко-системи во земјоделските подрачја за земјоделството да стане вектор на обова на биодиверзитетот.
- Подршка за фармерите во преод. Да се реформира земјоделството со приоритет кон малите производители, диверзитетот и одржливото земјоделство. Подршка и зголем раст на агроеколошките органски заштитни средства и овозможување на независни тренинзи за фармерите, како и истражувања за влијанието на пестицидите или земјоделството без ГМО.
Доколку собереме најмалку милион потписи Европската Комисија и Европскиот Парламент ќе бидат должни да ни одговорат на барањата. Ве молиме помогнете ни да ја оствариме оваа цел: секој потпис е важен!
Потпис за иницијативата на линкот
*)Петицијата се однесува на граѓаните кои живеат во земјите на ЕУ.